19 Април, 2024
0.0278

Македонците купуваат повеќе од странски е-продавници

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Eлектронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја. Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба итн. Е-трговијата во Македонија започна да се развива во 2011 година, а еден од главните двигатели на истата беше понудата на пазарот во која клучна улога одигра првиот македонски сајт за групни попусти Grouper.mk кој започна со работа во Јануари 2011 година, а кој денес претставува лидер на пазарот на е-трговија со над 135.000 регистрирани корисници. Покрај давањето на вистински поттик за граѓаните да се инволвираат во е-трговија преку атрактивните зделки со големи попусти, Grouper одигра значајна улога и во промоција на е-трговијата во целост и едукација на илјадници корисници и компании кои се впуштија во онлајн купување и ги искористија бројните придобивки.

Речиси половина од населението во светот веќе има пристап до интернет, додека во Македонија стапката на интернет пенетрација изнесува 75.3%. Покрај пристапување од десктоп, дури 81% од интернет корисниците пристапуваат до интернет од смарт телефон, а најчестата активност на интернет корисниците е учество во социјалните медиуми. Од вкупниот број на корисници со пристап до интернет, 19.3% нарачале/купиле производи/услуги од интернет во 2016 год. Корисниците најчесто правеле нарачки за купување на облека и спортска опрема, а потоа на второ и трето место се електронска опрема и производи за домаќинство. Најмногу од нарачките биле направени од други земји во светот - 58.6% (најверојатно од кинеските сајтови кои нудат производи со ниски цени), потоа домашните трговци - 40.8% и Европа - 20.7% (ДЗС, 2016), покажува анализата за состојбата на е-трговијата во Македонија за 2016 година спроведена од страна на Д-р Нина Ангеловска, основач на сервисот за групно купување и лидер во е-трговијата во Македонија – Grouper.mk.

Македонците потрошиле речиси 85 милиони евра за купување онлајн, од кои најголем дел (72.8%) биле потрошени за купувања од странски трговци или 61.9 милиони евра наспроти 25 милиони евра остварени кон домашните трговци. Два милиони евра или 8% од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци е направена од странски картички. Ако го гледаме бројот на направени трансакции кон странски е-трговци, тој изнесува 56% наспроти 44% кон домашните трговци што укажува на фактот дека просечната вредност на трансакцијата кон странските трговци е поголема од онаа кај домашните е-трговци (НБРМ, 2016). 


Според најновите податоци од Народната Банка на РМ на крајот на 2016 година имало 711 интернет продажни места, но се уште отсуствува податокот за тоа колкав дел од регистрираните е-трговци се истовремено и активни на пазарот на електронска трговија. Воедно и покрај тоа што на пазарот има над 1.8 милиони издадени платежни картички, не постои податок за тоа колкав дел од населението поседува платежна картичка (имајќи предвид дека едно лице може да поседува повеќе платежни картички). Во Македонија се уште нема навика за плаќање со картичка и покрај тоа што постојат над 20.000 продажни места кои прифаќаат плаќање со картичка,односно 71% од вкупниот промет со картички е за подигнување и депонирање готовина од/на банкоматите, (67.5% подигнување и 3.5% депонирање) додека само 26% е промет од трансакции на физички места на продажба (НБРМ, 2016).

Остварената вредност на оналајн трансакции направени кон домашните е-трговци во 2016 година изнесува речиси 1.6 милиони денари што претставува пораст од 36% споредено со 2015 година. Годишниот пораст во 2016 година е значително помал споредено со претходните две години односно порастот во 2015 споредено со 2014 година изнесуваше 61%, и над 350% пораст во 2014 споредено во 2013 година.

За разлика од физичките лица, правните лица купуваат повеќе од домашни трговци отколку од странски, но сепак учеството е многу мало што е и логично ако се има предвид дека учеството на издадени платежни картички направни лица е само1.5%

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година