24 Април, 2024
0.0261

Македонците претпочитаат странски, пред домашни производи

Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Македонските потрошувачи најмногу купуваат гуми за џвакање „Орбит" и пијат јогурт од домашниот производител „БиМилк“, покажа истражувањето на Агенцијата за истражување на пазарот и советување „Медиана" која проверувала кои се десетте најмногу користени брендови во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Околу 59 % од Македонци се изјасниле дека најмногу сакаат да купуваат мастики „Орбит", а на листата исто така се и два производа на домашниот производител БиМилк, чиј јогурт е на шестото, а трајното млеко на десеттото место со 44, односно 34% од корисниците. Од хигиенските производи, од рафтовите во македонските продавници најмногу се земаат пастите за заби и четкичките „Колгејт" и тоалетната хартија „Перфекс". Кога бираат масло за јадење, Македонците се одлучуваат за своето, „Брилијант", кој е трет најкористен бренд во државата. На второто место на листата на најкористени брендови во Македонија е мајонезот „Полимарк". Во нашата држава се цени чоколадото, но не домашното, туку „Милка", која е на седмото место, како и „Кока-Кола", која е на претпоследното, деветто место. На прво место кај Србите и Хрватите е маслото за јадење и тоа домашното - во Србија "Дијамант", а во Хрватска "Звијезда". Словенците пак, најмногу го користат својот зачин "Маестро" кој го ставиле на првото место. Тие исто така ја ценат и хрватската "Вегета" која е на седмото место. На листата на најкористените брендови во Словенија исто така е и "Милка" чоколадата, но жителите на таа држава очигледно имаат различни навики од Македонците, па на нивниот список има и батерии, чај, ориз, кафе. Скалата на најмногу користени брендови во Македонија е составена врз основа на анкетирање на 2.119 лица на возраст од 10 до 64 години.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот