20 Април, 2024
0.0265

Македонците се подалеку од она за што се залагаше Свети Климент Охридски

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија денес го празнува свети Климент Охридски.

Свети Климент Охридски (835 - 916) е нашиот најпознат учител. Бил најдобар ученик на големите философи и етичари светите Кирил и Методиј.

Овој најталентиран и најучен човек на Македонија го основал првиот словенски универзитет во Охрид, ја создал кириличната азбука, ги напишал биографиите и пофални текстови за своите двајца учители, бил прочуен проповедник, музичар, агроном, лекар. Тој е првиот Македонец епископ и голем писател. Свети Климент одлично проповедал и е нашиот најпознат етичар.

Зборовите и делата на свети Климент се насочени кон етичко облагородување на човечкото однесување. Тој барал „со смирение и нелицемерие, со вистинска љубов да се почитуваме еден со друг. Тој ни поставил значајна задача да се „надминуваме еден со друг со добрина“ и „уште од денес да се помачиме за добри дела“.
Свети Климент Охридски е нашиот најдобар пријател, бидејќи ни посакува и ни предлага како да станеме најдобри луѓе.

ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО!
Злото секако треба да се избегнува, бидејќи е насочено кон повредување на луѓето. Тоа нанесува штета и на самата личност што го сака злото. Зло си прави оној кој го прави злото. Злото е насочено кон уништување, навредување, создавање штета, вознемирување.

Оној кој го следи злото, има негативни цели. Тој е алчен, посакува повеќе отколку што му припаѓа на секој човек. Тој не го почитува правото на секого на живот и на среќа. Тој не мисли на ближните, нив не ги сака, кон нив не се однесува како луѓе. Следејќи го злото, тој постапува неправо, тој не ги контролира своите цели, туку се стреми кон извршување на своите лоши намери. Тој не ја почитува етиката, тој не сака никого и не внимава што прави. Тој не става огради на своето однесување, има лоши цели и постапува нечовечно. Постојано некого повредува, а ужива кога прави несреќа.

Против живот со зло говори свети Климент. Нормалните луѓе бегаат од злото, и за да избегнат да не им се направи нешто лошо, а и самите да не прават нешто нечовечно. Избегнувањето од злото е првото нешто што секој мора да го научи, најважното што секој треба да го знае во животот и што мора да го следи на својот човечки пат.

ПРАВИ ДОБРО!

Кога свети Климент Охридски рекол „Тргај се од злото и прави добро!“ - тоа беше поука не само за избегнување на лошите нешта, туку и барање да правиме добри дела. Избегнувањето на злото бара и дополнување со избирањето и правењето добро. На вистинската човечка страна не застануваме само со неправењето зло. За тоа се потребни и добра мисла, добар збор и добро дело.

Доброто е сила на животот, тоа него го гради и унапредува. Злото носи страдање, уништување и смрт. Доброто го крепи живеењето, тоа е исправен пат - правењето добро им носи добро на луѓето, како на другите, така и на доброчинителот. Добрината и убавината одат заедно. Кој е добар, тој им е убав на луѓето и се допаѓа себеси. Кој го одбира злото е грд и не се допаѓа.

Затоа треба да го послушаме свети Климент, кој ни ја кажа тајната на етиката и на исправниот живот. Избегнувањето на злото е вистинска работа - но правењето добро е уште повистинска работа. Неа треба постојано да ја посакуваме, да ја правиме и тоа да го истакнуваме и кај себе и кај другите.

Од се погоре напишано и наброено, колку применуваат Македонците? 

Колку граѓаните се сменети во етичка смисла и колку прават добрина? 

Постојаните судири, поделби, и омраза кои се создадоа во последно време, не упатуваат на фактот дека Македоците се многу далеку од почитувањето на етиката.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите