26 Април, 2024
0.0314

Македонецот годишно јаде 795 килограми храна

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Македонецот годишно јаде 795 килограми храна, покажуваат податоците на ФАОстат . Секој граѓанин на Македонија годишно троши по 17,4 литри масло за јадење, од кои најмногу сончогледово (16,2 литри) и по овој податок го држиме првото место во светот. Од изедените 193,4 килограми зеленчук по жител, најмногу јадеме домати и кромид, а од 103,2-те килограми овошје ги обожаваме јаболкото и портокалите. Податоците на ФАОстат се однесуваат за 2009 година и се работи за консумирани количини. Пијалокот што се консумира повлекува со себе и храна која се јаде, така имаме и разлика во исхраната на Германците во однос на Италијанците и Французите, или Американците во однос на Јапонците и Турците. Германците, на пример покрај големата потрошувачка на пиво (99,9 литри по жител годишно), повеќе внесуваат алкохолни пијалоци (135,8 литри) отколку житарки (109,6кг), по што се единствени меѓу избраните земји. Американците јадат по 120 килограми месо, а Јапонците само 45,9. Жителите на САД пијат 98 литри алкохолни пијалоци (42 литри во Јапонија), двојно повеќе Американците го засладуваат животот од Јапонците (64 спрема 28 килограми), додека житарките ги јадат во слични количини, но структурно различно: Американците јадат 81 килограм пченица и 8 килограми ориз, а Јапонците 48 килограми пченица и 54 килограми ориз. Во податоците на ФАО има многу такви специфичности и интересни податоци. Па така, дневниот внос се движи во распон од 3,2 килограми кај Грците до 1,7 килограми кај Јапонците. Македонецот годишно јаде 129,5 килограми житарки, од кои најмногу пченица (102,2 кг), 65,1 килограм компири и 35 килограми шеќер и засладувачи, 7,2 килограми грав и грашок, 7,5 килограми разни семки. Секој граѓанин на Македонија годишно троши по 17,4 литри масло за јадење од кои најмногу сончогледово (16,2 литри) и по овој податок убедливо го држиме првото место во светот. Од изедените 193,4 килограми зеленчук по жител, најмногу јадеме домати и кромид, а од 103,2-те килограми овошје ги обожаваме јаболкото и портокалите. Исто така, Македонецот годишно пие по 7,5 килограми кафе, какао или чај, но 42,2 литри алкохолни пијалоци, од кои пиво дури 30,5 литри. Што се однесува до другите прехранбени продукти, Македонецот годишно јаде по 40,8 килограми месо, изнутрици (4,3 кг), јајца (7,8 кг), млеко (114,8 литри) и риба (6,2 кг). Или вкупно Македонецот просечно годишно јаде храна со тежина од 795 килограми (светскиот просек е 671 килограм). Јапонците најмногу јадат риба (56,6 кг), јајца (19,1) и останати морски производи (2 кг), а најмалку консумираат млеко (73,9 кг) и масти од животинско потекло (1,6 кг). Французите во склад со паролата за убав живот, не отскокнуваат во било каков вид на потрошувачка, Не претеруваат нити во јадењето, ниту во одрекнувањето од неа. Истото важи и за Италијанците, но и за Хрватите, Македонците, Словенците и Романците. Убав и умерен живот. Американците најмногу јадат месо (120,2 кг), шеќер и благо (64,2 кг) и масло за јадење (28 литри). Па како потоа да не бидат нација на дебели? Русите се рекордери во внес на компир (114 кг), но од ништо друго не им недостасува. Германците најмногу внесуваат алкохолни пијалаци (135,8 литри), а најмалку јадат мешункасти плодови (само 700 грама грав, грашок и слично). Србите се рекордери во консумирање на изнутрици (7,7 кг јагнешки и други цревца). Најмалку јадат јајца (5 кг) и семки (1 кг). Грав повеќе јадат Босанците и Херцеговците (5,4 кг), но затоа пак, Србите најмногу јадат грашок (4 кг). Ниче би рекол дека германската филозофија е тешка поради храната со која Германците се хранат. Црногорците се рекордери во внес на кафе, какао и чај (20,6 кг) и овошје (188,3 кг), а најмалку консумираат житарици (77,1 кг) и риба (4,2 кг)!? Босанците и Херцеговците најмногу користат зачини (5,6 кг), а најмалку консумираат шеќер и засладувачи (18 кг) и масло за јадење (8,8 литри). Унгарците најмногу консумираат масти од животинско потекло (22 кг). Бугарите се турбо диеталци. Најмалку консумираат храна воопшто (650 кг), а посебно малку внесуваат зеленчук (69 кг), овошје (36 кг) и компир (31,7 кг). Грците најмногу сакаат да претеруваат со храната, или можеби сакале, бидејќи податоците се од 2009 година, а од тогаш се на меѓународно аранжмански диети. Најмногу внесуваат зеленчук (244,3 кг), семки (28,5 кг), ореви, лешници (11,1 кг) и млеко и млечни производи (283,2 кг). Турците максимално јадат житарки (228.4 кг) и мешунки (30 грама), а најмалку консумираат месо (11.1 кг), изнутрици (800 грама), алкохолни пијалоци (13,9 литри) и чаеви (3,5 кг) чаеви. Просечен Србин пие 7 пати повеќе кафе од Турчин (3,6 спрема 0,5 кг).

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет