ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Македонија денес ќе се пржи на 40 степени, од петок друга „приказна“!
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2017
Во Македонија денес ќе биде претежно сончево и многу топло.
Слаб и умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Терметарот ќе достигне максимални вредности околу 40 степен, речиси ширум државата.
Топло време се очекува и во главниот град за каде се најавени дневни температури до 38 степени.
До петок се очекува вакво време а потоа следи мал пад на температурите кои ќе бележат температури помали за 5 степени целзиусови.