18 Април, 2024
0.0268

Македонија ги слави сесловенските просветители, политичарите со честитки

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија денеска се слави 24 Мај - Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј. 

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Тие се родени во Солун во IX век, и станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. 

Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.

По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Министерот за одбрана,  Зоран Јолевски на вработените во Министерството, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани им го честита 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

„Писменоста е најголемата цивилизациска придобивка. Делото на браќата Кирил и Методиј ни овозможија да зачекориме во светот на цивилизираните нации, нации кои имаат развиена култура и традиција, нации кои преку писменоста ја негуваат својата долга историја, нации кои придонесуваат кон глобалниот развој. Нивното дело е водилка и за нас како Министерство и Армија, во нашите напори за континуиран развој на нашите кадри. За мене како министер за одбрана врвен приоритет е постојаното унапредување на знаењата и вештините на вработените и затоа од самиот почеток пристапивме кон забрзан развој на Воената академија, како столб на образованието во Армијата на Република Македонија“- пишува министерот Јолевски во честитката.

Министерот додава дека му причинува задоволство фактот дека припадниците на Армијата, секогаш и секаде покажале дека потекнуваат од земја која има високо развиено воено образование, што е и предуслов за високо развиена Армија.

И претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од свое и од име на пратениците, упати честитка по повод 24 Мај. 

„Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми поборници за слободата на човечкиот дух, нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот“ - стои  во честитката од Џафери. 

Џафери вели дека просветлувајќи се најпрвин себе, Кирил и Методиј, преку христијанската вера, со своите дела покажале дека просветлен и просветен човек е оној кој е добар и праведен, кој е вистинољубив и човекољубив.

Можеби ќе ве интересира

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден