Добивај вести на Viber
При средбата на македонскиот министер за земјоделство и неговата бугарска колешка Десислава Танева разговарано е за заеднички настап на кинескиот пазар со извоз на преработена и конзервирана храна.
„Бугарија и Македонија се мали земјоделци, а светските пазари имаат потреба од големи количини земјоделски производи. Разговаравме за извоз во Кина, каде што Бугаријавеќе е претставена. По месец-два тоа ќе го направи и Република Македонија, па и на другиот крај на светот ние повторно ќе сме соседи. Разговаравме за искуството што Бугарија го стекнала на кинескиот пазар“, посочи министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Двете земји имаат голема можност за соработка бидејќи поединечно немаат огромни производствени капацитети.