22 Ноември, 2017
0.4845
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Македонија и Чешка ќе работат на унапредување на трговијата со земјоделско-прехрамбени производи

Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за идните конкретни активности за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството меѓу двeте земји.

Министерот  Николовски, истакна дека во периодот што следува е многу важна поддршката на македонските институции во процесот на прилагодување кон Европската унија и  во искористување на  претпристапните фондови од ЕУ за земјоделство и рурален развој.

Беше предложена иницијатива за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства каде ќе се утврдат областите на заеднички интерес и формите на идната соработка.

Амбасадорот Томан упати покана до министерот Николовски за посета на Република Чешка, на најголемиот и најзначаен меѓународен саем за земјоделство и храна што се одржува во август следната година, заедно  со фирмите кои се заинтересирани за извоз на земјоделско прехрамбени производи. Во рамки на оваа посета ќе биде остварена и средба помеѓу министрите за земјоделство на Република Македонија и на Репуублика Чешка, на која што е планирано да се договорат идните конкретни чекори за соработка во доменот на надлежност на двете министерства.

Република Чешка претставува значаен трговски партнер за Република Македонија.

Во таа насока се планира долгорочна поддршка за промоција на македонското вино и преработки од овошје и зеленчук на чешкиот пазар, преку поддршка што државата ја озбебедува за настап на саеми и промотивни настани во Република Чешка. Потенцијалот што го поседуваат двете земји во земјоделското и сточарското производство е голем,  и треба да биде соодветно искористен, беше заклучено на денешниот состанок помеѓу министерот Николовски и амбасадорот Томан.

Македонската преработувачка индустрија за овошје и зеленчук во последно време бележи тренд на зголемување на извозот во Чешка што е многу значајно бидејќи преработките имаат додадена вредност и постигнуваат повисока цена.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун