Македонија и Грција пред договор – Дали ова е новото име?
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2017
Медиумите во соседството објавуваат дека Македонија и Грција се поблиску до договорот за името и истиот ќе биде промовиран на пролет.
Повикувајќи се на извори во преговарачкиот процес, телевизијата „Стар“ тврди дека предлогот кој дошол од македонска страна, а Грција го прифатила е „Нова Македонија“.
Тие додаваат дека тоа не е нов предлог, и истиот бил посочен во деведесеттите години.
Инаку, посредникот Метју Нимиц по средбата со преговарачите истакна дека се уште нема нов предлог за името и дека се надева следната година спорот да биде решен.