Добивај вести на Viber
Македонската економија продолжи да го забавува растот и во второто тримесечие. Пад од 0,9 проценти на стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) и за ова тримесечје од годинава пресмета Државниот завод за статистика.И во првото тримесечие растот на БДП беше негативена тоа значи дека Македонија официјално е во рецесија.
Според статистика, во второто тримесечје од 2012. е забележан најголем пад од 6,9 проценти во секторите рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода. Во градежништвото е забележан пад од 5.1 пропценти, додека во секторот сообраќај, складирање и врски од три проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, порасна за 2.2 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2 проценти.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во износ од 4.2 отсто, а увозот на стоки и на услуги номинално порасна за 4.5 проценти.