20 Април, 2024
0.0383

Македонија ВТОРА во Европа по смртност на новороденчиња

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Лошите вести фуриозно се шират, па така Македонија се најде втора во Европа по смртност на новороденчиња, а прва во регионот. Осумгодишната битка за намалување на овој страшен проблем сѐ уште не може да се извојува.

 Во Македонија, едно од 120 бебиња ја губи битката за живот во првиот месец по раѓањето, објави организацијата УНИЦЕФ на почетокот на кампањата која треба да стави крај на овој поразителен тренд.

„Македонија отсекогаш имала највисока стапка на смртност на  новороденчиња во овој дел од Европа. Ова е долгорочен проблем, но она што загрижува е зголемената стапка на смртност од 2010 до 2018 година. Она што е неопходно е да се адресира недостигот на здравствени посети, односно  прегледи на бремените жени како и нивниот пристап до одделенија за пренатална грижа, квалитетот на работа на здравствените институции како и однесувањата ризични за бременоста. Да се подобри и механизмот за мониторирање на смртноста и причините за неа“, вели Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ.

Овој податок укажува на еден голем економски проблем со кој се соочува Македонија иако навидум се смирува ситуацијата дека сѐ е во ред во нашата држава во однос на тоа поле. Кои мерки се преземаат и дали доволно се става акцент на овој проблем?

„Се работи на обезбедување животоспасувачки лекови за мајките и новороденчињата, согласно листата на Светската здравствена организација и Фондот за население на Обединетите Нации, кои ќе бидат достапни во сите родилишта. Во рок од три месеци, ќе бидат организирани обуки на обучувачи за ефикасна грижа на штотуку родените бебиња, согласно препораките на Светската здравствена организација, а ќе бидат обучени и професионалци за примена на методологијата на СЗО за ревизија на мајчината смртност и сериозни компликации врзани со бременоста, породувањето и периодот по тоа, базиран на принципи на доверливост и професионалност“, велат од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите