18 Април, 2024
0.1441

МАКЕДОНИЈА: За Светска банка е топ реформатор, а инвеститорите се бројат на прсти!

Објавено во: Анализа 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија се најде на 23 место од вкупно 185 земји во најновиот извештај на Дуинг бизнис за 2013 година што го објави Светска банка, а се однесуваат на реформите спроведувани во периодот од мај 2011 до мај 2012 година. „Извештајот на Светска банка покажува дека Македонија е во групата земји далеку економски поразвиени од неа. Германија е на 20. место, а Јапонија е зад нас на 24-тото. Од тука е евидентно дека сме ги достигнале нивните стандарди“, изјави министерот за финасии Зоран Ставрески. На листата води Сингапур, а веднаш до неа се Хонгконг, Нов Зеланд, САД и Данска. Македонија на листата на „Дуинг бизнис“ предничи кај земјите од опкружувањето. Зад нас се Словенија, која е 35-та, на 51 место е Црна Гора, Бугарија е 66 место. На 84 место е Хрватска, Албанија е веднаш зад нејзе, а на 86 место е Србија. Косово е на 98-та позиција, додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 126-то место. Зошто ги нема инвестициите? Се поставува прашањето зошто солидното рангирање на Дуинг бизнис листата не соодвествува со бројот на странски инвестиции во земјава. Последните податоци од Народната банка покажуваат дека заклучно со јули, во првите седум месеци годинава странските директни инвестиции во земјава се преполовени во однос на истиот период лани. Народната Банка неодамна објави дека во првите седум месеци од годинава во земјава влегле 99,2 милиони евра странски инвестиции, наспроти минатогодишните 207,2 милиони евра. Ставрески потенцира дека условите за водење бизнис оценети со Извештајот на Светска банка се релевантни и за домашните и за странските инвеститори. Но, постојат многу фактори кои влијаат на компаниите при нивното одлучување каде и дали да вложат, меѓу кои е и општиот економски амбиент. „И во овие години на светска економска криза, инвеститорите се помалку склони да вложуваат. Ако се погледнат работите од тој аспект и ако се види колку инвестиции се реализирани во Македонија пред 2010-та, а колку само во периодот 2011-2012, јасно е дека има напредок. До пред 2-3 години кај нас имаше многу малку странски инвестиции. Овој период почна да работи Џонсон Мети, но стартуваа и инвестициите Кемет, Дрекслер и Маер, кои допрва ќе резултираат со зголемен извоз и подобрени производствени резултати“, изјави министерот за финасии, Зоран Ставрески. Експертите, пак велат, дека оценките што ги дава Светска банка, се значајни, но не и клучни. „За да се инвестира во една земја претпоставка е да се има и добра и здрава инвестициска клима, која во овој момент е нарушена од повеќе аспекти. Нарушени политички и меѓуетнички односи, несигурност и неизвесност за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, се уште изразена коруптивност, правна несигурност“ се дел од проблемите што ја следат Македонија велат експертите. Лани на 22-ро место, годинава малку послабо! Македонија минатата година на оваа листа беше рангирана на 22 место, годинава напредоко е констатиран единствено во делот започнување на бизнис, преку поедноставени процедури, додека кај останатите критериуми не е забележан ниту напредок, ниту назадување. - Независно од забележаните подобрувања, има простор за натамошен напредок во секоја од спомнатите области, приклучокот за електрична енергија, добивањето на дозволите. Владата уште утре ќе продолжи со работа, ќе ги анализира искуствата на земјите што се пред нас за да видиме каде нешто може да се подобри, да се имплементира тука“, изјави министерот за финасии, Зоран Ставрески.  И.М. ТАБЕЛА
РАНКИНГ НА ДУИНГ БИЗНИС
  • 1.СИНГАПУР
  • 2. ХОНГКОНГ
  • 3. НОВ ЗЕЛАНД
  • 4. САД
  • 5. ДАНСКА
  • ---
  • 23. МАКЕДОНИЈА
  • 24. ЈАПОНИЈА
  • 35. СЛОВЕНИЈА
  • ---
  • 51. ЦРНА ГОРА
  • 66. БУГАРИЈА
  • 71. ТУРЦИЈА
  • ---
  • 84. ХРВАТСКА
  • 85. АЛБАНИЈА
  • 86. СРБИЈА
  • 98. КОСОВО
  • 126. БИХ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза