Македонка ноќна мора за 40 девојки од Куба - Зарабени во Турција приморани на проституција
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2017
Македонка создала голем синџир на проституција во тууската престолнина откако преку интернет примамувала млади девојки од Куба на кои им ветувала дека ќе ги ангажира како танчерки во турските клубови и дискотеки за многу високи хонорари. Сепак, девојките откако биле примени веднаш биле поробувани со цел сексуално да бидат експлоатирани.
По доаѓањето во Турција, на Кубанките веднаш им биле одземени пасошите и ги сместиле во квартот Улус во турската метропола. Кубанките биле проституирани цели два месеци.
Македонката организирала автомобил кој секоја вечер ги земал девојките од хотел и ги носеле кај претходно договорените клиенти, потоа ги враќале до квартот и ги затворале повторно во хотелот.
Мрежата е разбиена откако една од Кубанките успеала да избега и да го пријави случајот во амбасадата на Куба во Анкара каде побарала засолниште.
Девојките се вратени во Куба а менаџерката од Македонија е во притвор.