МАКЕДОНСКА БЕРЗА ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ: Посетете ја и видете како се тргува во живо!
Објавено во: Економија 26 Септември, 2016
Македонска берза АД Скопје организира ОТВОРЕН ДЕН за посета на Берзата.
За се’ што Ве интересира за Берзата, а досега не сте имале можност да го дознаете оваа институција ве поканува тоа да го направите на 05 октомври 2016 година (среда) со почеток во 11 часот.Отворениот ден ќе Ви даде можност:
· Да бидете гости на Македонската берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нивното работење,
· Да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционалната поставеност,
· Да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидете сведоци на склучувањето на берзанските трансакции.