Македонската гордост Иџе победи во Белгија
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2017
Автомобилистот Игор Стефановски Иџе победи на втората трка во Белгија на патеката во Золтер, по што го истакна македонското знаме и во негова чест се интонираше македонската химната.
Стефановски во битката за првото место беше подобар од швајцарскиот колега Петер Рикли и доминираше од самиот почеток, кога тргна од првото место. Третото место на трката му припадна на лидерот во генералниот пласман, Петр Фулин.
До крајот на ЕТЦЦ-шампионатот има уште една трка која се вози во Мост, Чешка.