20 Април, 2024
0.0351

Македонската туристичка понуда претставена на саем во Бугарија

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија ги претстави своите туристички потенцијали и можности на официјална прес-конференција пред голем број новинари и гости кои имаа можност да уживаат во традиционална македонска храна и прекрасни вина, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) „На полето на туристичката размена, резултатите на АППТ за 2012 година покажаа дека Бугарија се наоѓа на петтото место после Грција, Турција, Србија и Холандија. Ние работиме на тоа Бугарија да најде меѓу првите три наши туристички партнери затоа што за тоа ги имаме сите претпоставки и затоа што тоа им доликува на нашите два блиски соседни народи“ изјави македонскиот амабасадор во Софија Благој Ханџиски. Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија истакна дека културата е едно од најпрепознатливите обележја на земјата и  едно од највредните туристички богатства, што нашата држава може да им го понуди на гостите од сите светски меридијани. „На македонскиот штанд на Саемот, единствено ние како држава имавме своја културна програма, а настапот на Македонка Ичева со грст интерпретации од најубавата македонска музичка ризница, предизвика исклучителен интерес кај гостите на Саемот за туризам-Софија 2013 година“, изјави Шутаров. Економскиот промотор на Македонија во Бугарија Ана Стојкова потенцираше дека Бугарија претставува исклучително важен економски и туристички партнер на нашата земја и од двата аспекти е позиционирана во првите пет земји со кои Македонија остварува успешна соработка во изминатите години. „Во рамките на Меѓународниот саем за туризам беше организирано успешно претставување на новините во областа на туризмот на Македонија пред речиси стотина тур-операторите и туристички новинари од Бугарија. Ваквиот одѕив на презентацијата и на впечатливиот штанд, посетата на министерот за економија Делјан Добрев и остварените меѓусебни бизнис контакти се релевантен показател за интересот на бугарските туристи за Македонија како туристичка дестинација и ни дава за право да очекуваме зголемување на нивниот број во нашата земја во идниот период“, вели Стојкова.  

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите