18 Април, 2024
0.0253

Македонски аниматори работеа на оскаровецот „Животот на Пи“

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Аниматори од македонското студио ФХ3Х беа дел од тимот, кој работеше на визуелни ефекти на филмот „Животот на Пи“, на режисерот Анг Ли, кој синоќа на свеченоста во „Долби театарот„ во Лос Ангелес, го освои оскарот во оваа категорија.

Тоа беше еден од трите филма на кои македонската компанија соработуваше од вкупно петте номирани филма во категоријата на визуелни ефекти за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската академија за кинематографска уметност и наука.

Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” (Одмаздници) и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” (Прометеј) и „Life of Pi” (Животот на Пи). Останатите два филма во конкуренција за визуелни ефекти беа „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ (Хобитот: Неочекувано патување) и „Snow White and the Huntsman“ (Снежана и ловецот).

За соработката со овие компании Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х порано изјави дека претставува огромна чест и задоволство заради тоа што тие се едни од најстарите и најценетите компании во овој бизнис во светот и се врвот според квалитетот и техничката реализација на нивната работа.

„Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од проектите кои се номинирани, но филмовите како што се „Одмаздници" и „Животот на Пи" го подигаат нивото на целата индуструја. Горди сме на секој проект, овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во нашата индустрија“, рече Даниловски

Инаку, режисерот Анг Ли го добисвојот втор „Оскар“ за филмот „Животот на Пи“, кој е создаден според истоимениот роман на Јан Мартел.

ФХ3Х соработуваа и нa проектот „Les Miserables” (Клетници) со Mill Film од Лондон - мјузикл, кој заедно со „Life of Pi” беше номиниран за најдобар филм.

Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм..

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ