25 Април, 2024
0.0278

Македонски Телеком е јаглерод неутрална и во 2016 година

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

-Минатата година, Mаѓар Телеком Групацијата беше првата телекомуникациска компанија во Европа која што стана целосно јаглерод неутрална

-Со цел да се заштити животната средина, Македонски Телеком имплементира повеќе мерки во своите оперативни и тековни активности 

Маѓар Телеком Групацијата во која спаѓаат Македонски Телеком и Црногорски Телеком, се целосно неутрални во поглед на штетните емисии на јаглерод диоксид во 2016 година. Минатата година, Mаѓар Телеком Групацијата беше првата телекомуникациска компанија во Европа која што станa целосно јаглерод неутрална. 

Македонски Телеком години наназад во континуитет работи да биде јаглерод неутрална компанија, што подразбира драстично намалување на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата, како заедничка заложба на Маѓар Телеком Групацијата. Во таа насока, имајќи предвид дека климатските промени како еден од најсериозните проблеми на денешницата се предизвикани од зголемената емисија на јаглерод диоксид во атмосферата, Македонски Телеком имплементира повеќе мерки во своите секојдневни оперативни и тековни активности, со цел да се заштити животната средина.

За да се постигнат целите утврдени во Стратегијата за одржливост, компанијата ја зголемува енергетската ефикасност преку примена на иновативни решенија во своето работење. Намалувањето на потрошувачката на електрична енергија Македонски Телеком го постигнува пред сè со воведување на нови современи телекомуникациски технологии, како што е проектот за модернизација на мрежата, базирана целосно на интернет протокол ( Аll IP). Неколку инфраструктурни објекти се снабдуваат со соларна енергија, а со оптимизација на работниот простор дополнително се намалува и потрошувачката на греење. Потрошувачката на електрична енрегија се регулира со воведување на систем за автоматско вклучување на светлата во работните простории. Намалена е потрошувачката на гориво преку вградување на ГПС системи за следење на оперативните возила, а наместо службени патувања дел од работните состаноци се реализираат со користење на нови комуникациски технологии како што се Telepresence и Webex. Еден од главните фокуси на компанијата е Go Digital што подразбира автоматизирање на интерните деловни процеси и комуникација со корисниците, со што се зголемува електронската размена на документи, што како концепт веќе се промовира со услугата електронска сметка за да се намали користењето на хартија.



Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan