29 Март, 2024
0.0251

Македонските банки се уште се плашат од должничката криза

Објавено во: Финансии 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Се’ уште во голема мера влијае врз нашите банки неизвесноста која со себе ја носи должничката криза во евро зоната кои со голема претпазливост ја водат кредитната политика, изјави гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за порталот “Лидер“. -Многу значајна причина веројатно е го  лемата неизвесност околу натамошниот развој на должничката криза во евро зоната и темпото на закрепнување на европската економија. Поради тоа банките се многу внимателни во оценката на ризикот за нивните пласмани во реалниот сектор“, вели Богов, одговарајќи на прашањето на што што се должи анемичната кредитна активност во земјава. Тој смета дека последните проекции од почетокот на оваа година упатуваат на постепено економско закрепнување, а глобалното оркужување би требало доволно стимувалтивно да влијае врз извозниот сектор. -Се оценува дека закрепнувањето на корпоративниот сектор и подоброто окружување ќе имаат позитивни преносни ефекти врз пазарот на труд и довербата на потрошувачите, што ќе доведе до зголемување на потрошувачката. При вакви претпоставки во 2013 година, и во 2014 година се очекува раст на БДП од 2,2 отсто и три отсто, соодветно. Секако, оваа проценка е чувствителна на влезните претпоставки пред се за растот на европските економии кои се нашите најголеми трговски партнери“, додава Богов. Деновиве случувањата во Кипар ја зголемуваат неизвесноста, смета Богов, а редовната оценка на тројката на програмата за помош на Грција која е во тек, може да ја намали или дополнително да ја зголеми неизвесноста околу должничката криза во евро зоната. Во врска со нефункционалните кредити, кои банките не може да ги наплатат, Богов смета дека слабите перформанси во европските економии во подолг период придонесоа за влошување на ликвидноста, додавајќи дека македонскиот банкарски сектор со стапка од 11 отст е во најдобра позиција во споредба со земјите од регионот. За најновите случувања поврзани со банкарскиот трансфер на Глигор Бишев од Стопанска во Шпаркасе банка, Богов смета дека тоа е нешто што е сосема нормално во развиените економии. Битно е квалитетните банкари да остануваат во банкарскиот сектор. -Глигор Бишев во изминатите дванаесет години заврши одлична работа во Стопанска банка АД Скопје. Со поддршка на стратешкиот акционер – Националната банка на Грција, Банката која беше на работ на пропаѓање во 2000 година, ја трансформира во модерна европска банка со најголема капитална моќ во Македонија. Стопанска банка АД Скопје денес има квалитетни системи на корпоративно управување и за управување со ризици, има Управен одбор од пет одлични банкари со долгогодишни искуства, адекватност на капиталот од 18 отсто, многу висока ликвидност и водечки позиции во многу пазарни сегменти“, изјави Богов.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка