Македонските експерти ќе работат на странските пазари
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2018
Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин. Ова го истакна денеска првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Промовиран беше Клубот на консултанти и експерти кој ќе функционира во рамките на Комората која пак потпиша Спогодба за соработка со швајцарската консултантска компанија „АФ консалтинг“
„АФ консалтинг“ е една од водечките светски консултантски компании со фокус на енергетиката, инфраструктурата со повеќе од 1.500 тековни проекти во областа на индустријата, во повеќе од 75 земји ширум светот.
Според вицепремиерот Анѓушев пак 2018 и 2019 се години кога треба да се препознаат можностите и да се реализираат нови инвестиции .Тој присуствуваше
на „Работната средба за презентација на активностите
на Клубот на консултанти“ при Стопанската комора на Македонија и истакна дека токму консултантите, заедно со претставниците на научната и стручната фела, се тие кои што треба да направат исчекор и да влијаат на промените во индустријата и производството.
„Преку овој Клуб, Стопанската
комора како и многу пати досега точно ги препознава насоките каде треба да се
движи македонската економија и во таа смисла помага во развојот на економијата.
Соработка со компанијата AF-Consult Switzerland е добар пример, како преку
соработка со реномирани меѓународни компании,
користејќи ги локалните ресурси и знаења што ги имаме, придонесуваме за развој на локалната
индустрија, но и за извезување условно кажано памет во светот“, кажа потпретседателот
на Владата Анѓушев.
Вицепремиерот посочи дека Владата во својата економска програма има детерминирано значителни средства за иновативни проекти и за технолошки развој на компаниите во така наречениот трет столб од Планот за економски раст, мерки кои што ќе бидат спроведувани преку Фондот за иновации и технолошки развој. Овие мерки поддржуваат развојни проекти, воведување стандарди и добивање на соодветни сертификати за работа на малите и средни претпријатија.