29 Март, 2024
0.0284

Колку македонските бизнисмени се задоволни од услугите за интернет и телефон ?

Објавено во: Економија 05 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемиот дел од македонските фирми (67 отсто) за телефон, интернет и за телевизија плаќаат помалку од 5.000 денари месечно, а во просек трошат по 747 денари месечно по вработен, што е за половина помалку од 2013 година (1.424 денари). Ова го покажува испитувањето на јавното мислење на деловните корисници за пазарот на електронски комуникации што е направено по нарачка на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Она што е интересно во ова истражување, кое е спроведено на репрезентативен примерок од 300 фирми, е дека се намалува процентот на деловните субјекти кои мислат дека добиваат нереално висока сметка за овие услуги. Овој процент бележи пад од 18 процентни поени во споредба со анкетата од пред четири години и сега директорите на само 20 отстофирми мислат дека добиваат нереално висока сметка.

Во однос на 2013 година, се забележува пораст (5,8 отсто) во однос на користењето на интернет кај деловните субјекти, додека пад од 4 отсто кај мобилната телефонија и 1,3 отсто кај телевизијата. Од електронските комуникациски услуги, фирмите најмногу ја користат мобилната телефонија (84 отсто), по што следува фиксната телефонија (72 отсто) и интернетот (70 отсто), додека само 26 отсто од деловните субјекти користат телевизија.

Користењето на телекомуникациските услуги во пакет оваа година бележи мал пораст од 2 отсто во однос на минатото истражување од 2013 година. Во мнозинството од случаите (55 отсто) услугите се користат во пакет, при што интернетот е застапен во 96 отсто, а фиксната телефонија во 93 отсто од пакетите. Најчесто овие две услуги се користат заедно во пакет (41 отсто).

Доминантното место на пазарот со пакети на услуги, исто како и во 2013 година го зазема Македонски телеком со повеќе од половина од пазарниот удел (57 отсто), а потоа следуваат Оне. ВИП со 26 отсто, Телекабел со 12 отсто, а останатите оператори се со пазарен удел не поголем од 3 отсто.

Најголемо задоволство од услугата што ја добиваат во однос на цената што ја плаќаат корисниците изразуваат за интернетот и за мобилната телефонија (за двете услуги по 77 отсто), а малку помало задоволство се забележува кај фиксната телефонија каде 70 отсто сметаат дека услугата што ја добиваат е соодветна на цената што ја плаќаат. Генерално, во однос на минатата година задоволството од соодносот вредност- цена бележи благ пад за интернетот, за мобилната како и за фиксната телефонија.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење