29 Март, 2024
0.0335

Македонските јаболка од Преспа на трпеза во Русија

Објавено во: Агробизнис 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Русија е заинтересирана за јаболката од Преспа. 

Откупот на трпезно јаболко во Преспа тече добро, има заинтересирани купувачи, но цената е релативно ниска, вели претседателот на Здружението на овоштари, Љубе Пампулевски.

Објаснува дека откупната цена за 12 до 14 денари по килограм прва класа ајдарет и околу 15 денари за црвен и златен делишес само ги покрива трошоците за производство. Скоро една третина од годинашниот род е продаден, а остануваат скоро две третини или околу 60 проценти за продажба.

„Имаме зголемена побарувачка од рускиот пазар за македонското јаболко бидејќи цената им го дозволува тоа, но и од земјите од каде што се снабдува веќе се продадени, па Русите доаѓаат да се обезбедат во Македонија. Само Македонија и Србија од европските земји немаат ембарго за извоз во Русија“ - вели Пампулевски.

Вели дека неповолните климатски услови довеле до прерано зреење на јаболката. 


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи