29 Март, 2017
0.8549
    ALK 5700.04    0%     ALKB 18510    0%     BESK 11200    -1.76%     CEVI 865    2.98%     GRNT 680.28    0.04%     KMB 2800.75    -0.34%     MB 36300    0%     MPT 27500    -0.58%     MTUR 3518.35    0.75%     OHB 4900    -1.01%     REPL 44000    2.33%     RMDEN15 95    0%     SBT 1281.8    0.06%     STB 893.89    -0.68%     STIL 75    0%     TEL 250    -1.96%     TETE 1100    6.69%     TNB 10900    0.93%     TPLF 900    -2.17%     TTK 758    -2.94%

Македонските политичари родени без доблест и морал

Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2016

И додека светските политичари поднесуваа оставки кога ќе направеа и најмал прекршок кога полицијата ќе ги намирисаше дека се отруле со алкохол, нашите бегаат и се кријат како од ѓавол. А не само што се фатени под дејство на алкохол туку и сообраќајки направија па мислат дека се над законот и дека јавноста спие и никој ништо нема да дознае.

Повеќе од очигледно е дека Македонија е земја на чудата, каде работите се свртени наопаку. Политичарите, посебно оние од власта секогаш се штитат на еден или друг начин, како тие не се виновни и како се измислуваат приказни само за да се оцрни некој нивен член.

Според првичните информации, Спасов управувајќи со џип „туарег“, во сопственост на Агенцијата за вработување, ноќеска околу полноќ, откако претходно престојувал во хотел во близна на скопскиот Градски парк, удрил во две паркирани возила, по што, наместо да даде изјава на увидната екипа, тој со друго возило побегнал. Подоцна полицијата кај Спасов извршила тестирање за евентуално присуство на алкохол и психотропни супстанци, а резултатите би требало да бидат објавени во текот на денот.

Целата јавност дозна, а Спасов се крие зад соопштението на Фејсбук од неговиот кабинет, и покрај официјалните информации на МВР.

„Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последници” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.
Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“.

Но пред фактите и коментарите се свети.

МВР потврди дека сообраќајните несреќи кои ги предизвикал заменик министерот Диме Спасов било направено обид да се заташкаат со тоа што вината би ја презел врз себе возачот со иницијали М.Т. вработен во Министерството за труд и социјална политика. 

- Околу 2 часот на ул.Алжирска, односно на местото каде што било оставено ПМВ Туарег дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна.  Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К. стои во официјалниот извештај на МВР.

Откако Диме Спасов и побегнал на полициската патрола која го сопрела, пристигнал возачот М.Т. кој потоа тврдел дека тој го управувал службеното возило џип „Туарег“ вон работното време, но неговиот исказ не се софпаѓал со деталите кои полицајците ги регистрирале од останатите сведоци, како и од сопатничката која претходно кажала дека сама таа и Спасов биле во возилото за време на несреќата.

- Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување. За време на  утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул „Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега, соопшти МВР.

Ова упатува на фактот дека доблеста и моралот им се слаба страна на политичарите кои за да сокријат што се случило во состојба се да активираат милион механизми како целата приказна да се сокрие, а во најжален начин што стана и пракса вината да се префрли на друг.

Не еднаш или два пати министри, спортисти, јавни личности блиски до владеачката гарнитура правеа прекршоци, па подоцна се јавуваа кај некои „повисоки структури“ да им „ја скинат“ пријавата, да ја претстават поинаку сообраќајката, или дури и да се заканат со тужби кон медиумите кои евентуално нешто ќе напишат.

Кога веќе стасавме до тоа вината да се префрли на друг, ќе ве потсетиме на еден немил настан кој однесе млада жртва.

20 годишната Фросина од Крива Паланка беше прегазена на булеварот Партизански одреди.

Многумина, меѓу кои и родителите на Фросина тврдеа дека „хондата“ што ја прегази нивната ќерка била управувана од син на политичар од власта, но, според нивните тврдења, за да се затскрие целата работа во полиција подоцна се пријавило друго лице.

Жарче на огнот околу оваа приказна фрли и самата истрага која се забави, снимките од надзорните камери и останатите докази подоцна се доставени, па сето тоа само ги продлабочува сомнежите.

Од морална гледна точка, сторителот на прекршокот е должен да одговара и да понесе одговорност за она за што се товари.

Со тоа ќе докаже дека пред Законот сите сме еднакви и дека истиот закон важи за сите. Меѓутоа, како што пишавме, кај нас работите се свртени наопаку. Тешко дека некој политичар ќе се покаже како „херој“ и ќе се издвои од групата со тоа што ќе си даде оставка.

Преку неколку примери ќе ви покажеме колку моралот работи во светот.

Дваесет и деветгодишната шведска министерка за средношколско и образование на возрасните, која беше претставувана како нова надеж на социјалдемократската партија, Аида Хаџиалиќ, поднесе оставка поради тоа што полицијата ја запрела додека возела под влијание на алкохол.

„Беше тоа најголемата грешка во мојот живот (...) Ја преземам одговорноста. Објавувам дека имам намера да поднесам оставка на министерската должност. Сфаќам дека многумина се разочараа во мене. И самата сум си лута себеси и искрено жалам“, рече министерката на прес-конференција во Стокхолм, а медиумите забележуваат дека била видно потресена.

Заменик премиерот на канадската провинција Саскатчеван, Дон МекМорис, поднесе оставка откако возел во алкохолизирана состојба.

„Не требаше да седнам зад воланот по пиењето...Многу жалам и преземам одговорност за моите дела“, рече МекМорис, образложувајќи ја оставката.

Претставникот на Тајван во Сингапур, Антонио Чианг, поднесе оставка откако бил фатен како вози под дејство на алкохол.

Чианг во изјавата рече дека жали што и направил проблеми на владата и поднел неотповиклива оставка.

Судија од Кларксвил во САД исто поднесе оставка заради возење во пијана состојба.

„Сметам дека моето однесување е неприфатливо. Беше опасно, и, очигледно дека ја наруши довербата на заедницата во избраните органи, со што го доведува под знак прашалник интегритетот на судот, а не е во ред јас да дозволам да биде загрозена квалитетната работа на судот“, рече судијата Мики Вебер, образложувајќи ја одлуката за оставката.

Не се една или две држави во светот, многу се, каде политичарите понесуваат одговорност...стотици ги има, ќе ги набројуваме до бескрај, ама ќе биде бадијала кога ништо нема да се смени кај нас.

Сите овие примери јасно покажуваат како треба еден функционер да се однесува кон заедницата која му ја дала довербата, а тој ги изневерил.

Исход...

На крај од целата оваа приказна може да очекуваме дека случајот ќе се заташка, и како и секое чудо за три дена така ќе биде и сега. 

Многумина може и ќе заборават, но медиумите секогаш ќе бидат тука за да некогаш го потсетат министерот како избегал од одговорност.  Но, сепак никогаш не се знае..Можеби заменик министерот на кој му се смее цела нација сепак ќе реши да ја признае вината и сепак ќе понесе морална одговорност.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Каде оди Република Македонија?

Каде оди Република Македонија?