20 Април, 2024
0.0243

Македонските вина претставени во Канада

Објавено во: Агробизнис 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

На традиционалниот меѓународен вински фестивал ,,Gourmet food&Wine Expo“ во Торонто, викендов беа претставени македонски вина од винаријата „Далвина“.

На отварањето на фестивалот присуствуваше генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски и економскиот промотор Ирена Георгиевска.

- Координираниот настап и поддршката од јавниот сектор ќе придонесе за значително зголемување на македонските вина на канадскиот пазар. Целта на овие настани е да се промовира имиџот на Македонија како земја на виното. Во иднина гледам голем потенцијал на нашите вина за освојување на овој пазар, рече генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски.

Во рамки на винскиот фестивал беше организирана и специјална вечер на која беа презентирани осум вина, меѓу кои се најде и македонското вино „Синтезис“ на винаријата Далвина од Македонија.

Пред љубителите на доброто вино во Канада, професионалните познавачи на виното, големите канадски дистрибутери и увозници на вино, вински критичари и оценувачи, ова македонско вино беше презентирано од еден од најпознатите светски сомелиери, Џон Сабо.

Овој реномиран меѓународен настан кој се вбројува во еден од најголемите и најпрестижни на северно-американскиот континент, секоја година е посетен од повеќе од 40.000 љубители на виното, кои имаат можност да дегустираат повеќе од 1.500 различни вина и други алхохолни пијалоци од производители од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари