28 Март, 2024
0.0350

МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИ ПРЕДРАСУДИ - Ќе знаат ли двата соседи да профитираат од договорот или ќе биде само еден обичен лист хартија?

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Со потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка преку ноќ нема да бидат надминати  македонско- бугарските предрасуди, но тој  ќе отвари потенцијали во политичките релации, поинтезивната економска размена, но и ново поглавје во читањето и поручувањето на историските настани и личности кои се дел од заедничката историја.

Сосема е сигурно дека многу скоро двете држави на дневен ред ги стават прашањата кои беа изоставени во изминатата деценија на кои постојано инсистираа стопанствениците,  а тоа е пред се подобрување на патната и железничката инфраструктура. и олеснување  бариери при водeњето бизнис.  Бизнис заедницата на повеќе наврати јавно се изјасни дека преферираат  модерни и брзи магистрални траси кон Софија и Струмица во насока на Грција.  

Изградбата на делницата од железничката пруга кон Бугарија во нова должина од 34 километри треба да започне во 2018 година, а да заврши во 2022, се наведува во документите на ЕУ. Проектот или беше замрзнат или периодично го стартуваа сите досегашни македонски влади. Новата изградба делумно ќе ја финансира ЕУ со средства што се една третина од новиот инвеститициски проект што треба железнички да ги поврзе Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Рокот за завршување на пругата останува отворен. Пругата кон Бугарија почна да се гради во 1994 година, а веќе во наредната шините и праговите беа оставено на забот на времето. 

Претходната влада ветуваше дека комплетното железничко поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2022 година и ќе чини околу 500 милиони евра, но сето тоа се сведе на ветување. Во еден период бизнис-заедницата од Македонија ја пласира идејата како привремено решение транспортот да се одвива комбинирано со слободен царински терминал кај Деве Баир кривопаланечко.

Инаку вкупната трговска размена во периодот јануари-мај 2017 година изнесува 228,6 милиони САД $, што претставува раст од 15% споредено со истиот период одминатата година. Извозот изнесува 118,04 милиони САД $, што претставува растот 41%, додека увозното салдо изнесува 110,6 милиони САД $, со намалување од 4% во споредба со истиот период од минатата година. Трговскиот суфицит изнесува 7,46 милиони САД долари за периодот јануари-мај 2017 година. Република Бугарија е петти трговски партнер на Република Македонија во анализираниот период. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-мај 2017 година, во структурата на извозот се застапени:

 руди на олово и концентрати – 28.817.117 САД долари;

 ...на бакар и концентрати - 28.523.090 САД долари;

 ...цинк и концентрати - 13.545.792 САД долари;

Во првите пет месеци од годинава трговската размена беше концентрирана на увоз на струја од  12 милиони долари, нафтени деривати околу 20 милини, старо железо над 7 милиони доалри.

Бугарија е шестти трговски партнер на Македонија, со вкупната трговска размена во 2016 година изнесувала само 533 милиони $, што претставува пад од 9,2% споредено со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 52,27 милиони САД долари во 2016 година, во последните шест години во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија, може да се забележи константен трговски дефицит на македонска страна каде е достигнат врвот во 2011и 2012 година. Во 2016 година како и во првиот квартал од 2017 година регистрирано е повторно позитивно движење на бугарските инвестиции во нашата земја. Движење на директните странски инвестиции со трансакции на капитал со вклучени компоненти: сопственички капитал, без реинвестирање на добивката и делот заеми од должничките инструменти за периодот 2010 - прв квартал од 2017година за Република Бугарија:

Во досегашната транцизициска историја бизнисмeните од двете држави ги пропуштија шансите за инвестициски вложувања во приватизациите на двете земји, особено на македоnската бизнис елита која во раните деведесетти, не се одважи да стане дел од акционерските фирми во Бугарија. Македонските  политички елити и особено претприемачите  беа изненадени  од влезот на нашиот сосед во ЕУ, а не се искористија и шансите на СЕФТА за заедничко овојување на извозни пазари во трети земји. Слична шанса пропуштија и бугарските бизнисмени кои по 2000 –та година, особено по 2006, скромно влетаа во финансискиот сектор и дел во рударскиот потенцијал на Македонија.

Оваа очигледна резревираност во движењето на капитал и бизнис во еден период стана бариера, еднакво длабинска и тешка како и традиционалните недоверби кај историчарите кои не зилегоа од сопствените ровови на плитко читање на минатото како наравоучение за иднината.

Сега се чини дека е потребен ново кршење на предрасудите што подеднакво, паралелно или истовремено ги лиферуваа владите, бизнис-заедниците и истражувачите на историските досијеа.

 Горазд ЧОМОВСКИ

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија