21 Ноември, 2017
0.4907
    ADIN 540    -1.82%     ALK 7350    -0.51%     BESK 10300    0%     CEVI 912    0%     FERS 57750    -2.94%     GRNT 801    -2.95%     KJUBI 1400    -2.78%     KMB 2700    0%     LOTO 600    0%     MPT 26900    -0.37%     MTUR 4224    3%     OHB 4851.54    -0.17%     REPL 54800    0.37%     RMDEN11 96    -0.62%     RMDEN13 96.4    1.47%     RMDEN15 95    0.05%     STBP 600    -0.17%     TETE 1938    4.76%     TNB 13500    -0.01%     TTK 816    0.38%     UNI 1905    0%     ZPKO 2600    -2%

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР

Објавено во: Колумни 19 Октомври, 2017

Вкупен увоз и извоз. Извозот  и увозот се особено важни показатели засостојбата во земјоделството. Затоа целта на оваа анализа е да се откријат и оценат основните тенденции во движењето на трговијата со земјоделските производи. Шестгодишен период е релативно кус период за особено важни заклучоци, но во случајот може да се согледаат тенденциите, кои можат да се доведат во врска со, до голем степен резултатите на финансиската поддршка на земјоделството, бидејќи го опфаќаме периодот од 2011година, кога почнува поддршката на земјоделството со високи суми, над 100 милиони евра директна поддршка, па се до 2016 година до кога расте таа поддршка. За македонската економија,а особено за акгрокомплексот извозот е толку важен, што го одржува во живот земјоделството. Ова од причини што најважните производства со кои се користат природните предности и традицијата на македонските земјоделци, далеку ги надминуваат домашните потреби (зеленчук,грозје, континентално овошје,  тутун, јагнешко месо). Влијанието на медитеранската клима, како и другите природни услови ја ограничуваат можноста за конкурентно производство на континенталните производи ( жито, сончоглед, шеќерна репа, месо, добиточна храна и др.), поради што увозот постојано ја надминува вредноста на извозот. Тоа е показател, дека мораме да го зголемуваме конкуретното производство, особено на нашите специфични производи, како и зголемување на високофиналните производи и таканаречената вертикална интеграција.

  Вкупната трговија со Светот со земјоделски производи во последните 6 години покажува нестабилност, при што извозот е поколеблив , па од петте години по 2011 година во три е со пониска вредност,додека увозот расте до 2015 год.

Такви вредности се покажуваат и во збирот увоз-извоз, што упатува на заклучок дека и покрај високите суми на поддршка, последните години македонскиот агрокомплекс од некои други причини во размената со Светот потфрлил.(таб.1) Негативното салдо извоз-увоз се зголемило, а  учеството во извозот и увозот на РМ се намалило.

  Ако сакаме  поедноставна оценка можеме да видиме од паказателите поредени со базниот индекс. Имено, ако извозот во 2011 година бил 100, зголемен е само во 2013 година на 103,1, додека во останатите години индексите  се движат од 83,5 во 2015 година до 91,1 во 2016 год. Базниот индекс пак кај увозот на земјоделски производи од 2014 до 2015 расте,  а потоа  во 2015 на 90,7, односно  на 92,8 во 2016 година. Еден од најважните проблеми кој води до таков дефицит е:цената на храната,имено,  извезената храна од РМ достигнала цена  од 815 долари по тон, а  увезената храна од 1164 долари по тон.

Таб. 1  Трговија со земјоделски производи

    во милиони USA $

Показател

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Вкупна трговија

1475,3

1479,2

1515,3

1489,6

1301,4

1388,0

Извоз

626,1

623,2

657,3

638,6

533,

581,4

Увоз

849,2

856,0

858,0

851,0

768,4

806,6

Салдо

-223,1

-232,8

-280,7

-212,4

-235,4

-225

Учество во вкупниот извоз увоз на РМ во %

Во извозот на Р.М.

14,2

15,0

15,3

12,6

11,8

12,1

Во увозот  на Р.М.

12,1

13,1

12,0

11,7

12,1

11,6

  Ако се примени базен индекс за овој период и на вкупниот македонски увоз и извоз на стопанството, се покажува дека кај извозот, индексот опаѓа во 2015 и 2016 гоидна на 96,2, додека увозот во 2015 година е 87,4, а во 2016 година 77,3. Сите овие стагнантни показатели за извозот и увозот се резултат на слаби економски активности на македонската економија благодарение на политичкат криза во 2015 и 2016 година.

  Извоз и увоз по стокови групи на СМТК.  Во структурата на стоковите групи според Стандардната меѓународна трговска класификација, кај  македонскиот извоз доминира  храната со околу 60%, пријалоците околу 10%, тутунот и тутунските преработки околу 23% и друго околу 6%. Вредноста на извезената храна стагнирала , поради што стагнира и вкупниот извоз. Со тоа во овие 6 години немало помали отстапувања од просекот, што е резултат на вообичаена процедура без сериозни промени, без оглед на пораст на финансиската поддршка. (Таб.2) Кај пијалоците извозните вредности се изедначени како кај храната, но кај тутунот и тутунските преработки имало сериозни разлики по  години од 107 милиони долари(2015) и 182 милиони долари (2013год.)

Таб.2  Извоз на земјоделски производи (по  стокови групи  на СМТК)

  во милиони  USA $

Показател

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Храна

373,3

339,2

365,1

388,1

339,3

348,6

Пијалоци

81,5

91,3

88,0

77,0

53,6

65,1

Тутун и тутунски преработки

153,5

166,4

182,1

146,2

107,1

131,1

Друго

17,8

26,3

22,1

27,3

33,0

36,6

Вкупно

626,1

623,2

657,3

638,6

533,0

581,4

Базен индекс

100,0

99,5

105,0

102,0

85,1

92,9

Објаснување:Во друго спаѓаат:  маслодајни семиња и маслодајни плодови, животински и растителни сурови материи, животински и растителни масла, масти и восоци.

 

  И кај увозот на земјоделските производи по стокови групи на СМТК храната учествува со уште поголем процент и  претставува близу 80% од вкупниот увоз на земјоделството.  И тука храната , поради  своето високо учество во вкупниот земјоделски увоз имала одлучувачко влијание врз движењето на вкупната вредност на увозот.(таб.3).

Таб.3  Увоз на земјоделски производи (по стокови групи на СМТК )

  во милиони  USA $

Показател

2011

2012

2013

2014

2015

2016

Храна

672,2

680,7

681,4

686,4

611,2

633,0

Пијалоци

38,8

37,2

39,4

37,3

35,4

38,0

Тутун и преработки

30,1

36,8

38,2

34,3

31,1

42,8

Друго

108,1

101,3

99,0

93,0

90,7

92,8

Вкупно

849,2

856,0

858,0

851,0

768,4

806,6

Базен индекс

100

100,8

101,0

100,2

90,5

95,0

Објаснување:  за друго” исто  како во таб.2  Во друго спаѓаат: маслодајни семиња и плодови, неживотински и растителни сурови материи, животински и растителни масти, масла и восоци.

Пијалоците што ги увезувала Македонија во овие години имале релативно најизедначена вредност со учество во вкупниот увоз од близу 5%, а слични стабилни движења на вредноста на увезениот  тутун и преработките  имаат како пијалоците, а учествуваат во вкупниот увоз е исто околу 5%.

 

Дефицитот на македонското земјоделство и натаму ќе биде сериозен проблем, бидејќи храната која зафаќа  над 60% од земјоделскиот увоз, во просек  за овие шест години го надминува  македонскиот извоз на храна за 301,9 милиони долари, односно вредноста на нашиот извоз на храна достигнува само 54,3% од вредноста на увезената храна (просечно за 6 години).

  Можеме да заклучиме дека македонскиот извоз и увоз на земјоделски производи по 2011 година имаат релативен ограничен раст, а потоа во 2015 и 2016 година опаѓаат под вредноста од 2011 година. И покрај позитивните тенденции, извозните и увозните вредности не биле толку високи за да ги неутрализираат негативните движења во вкупното стопанство на РМ, што е резултат на политичката криза.

проф.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Заев е марионета, рекоа во хор марионетски фановите на Груевски

Заев е марионета, рекоа во хор марионетски фановите на Груевски

Хипокризија на толеранцијата

Хипокризија на толеранцијата

САД-Русија: Око за око, заб за заб и за медиумите

САД-Русија: Око за око, заб за заб и за медиумите

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕХРАМБЕНИОТ СИНЏИР

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕХРАМБЕНИОТ СИНЏИР