19 Април, 2024
0.0273

Македонците масовно се иселуваат од државата, пратениците допрва ќе дебатираат за тоа

Објавено во: Анализа 06 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Над 400 илјади Македонци се иселени од државата, што е дури 21,9% од вкупното население во земјата. Бројките ги објави Светска банка а причините според неколку опозициски пратеници треба да се бараат во економски политики на Владата на Никола Груевски. Пратеничката група на НСДП и ЛП до Собранието во форма на информација достави објаснување зошто Владата е крива за се помасовното иселување на младите од Македонија. Информација е поддржана и од пратеничките групи на СДСМ и ПЕИ. „Изминатите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија наместо да се фокусира кон економската преродба и да отвори нови работни места, состојбите на демографски план се катастрофални а податоците се погубни за нашата држава. Бројот на Македонци кои се стекнале со бугарско државјанство заклучно со 15 јануари изнесува 44.211, број кој особено се зголемува во периодот од 22 јануари до 22 мај годинава во кој се издадени дополнителни 2.264 бугарски државјанства“, се вели во информацијата доставена до Собранието. Македонија според извештајот на Светска банка е рангирана на 23-то место во група од 25 земји со најмногу емигранти. Со бројката од 447 илјади иселени македонски граѓани, Македонија е во друштво на Западниот Брег и Газа, од каде што има и најмногу емигранти, исто како и Самоа, Гренада, Сент Луција, Сао Томе и Принципе. Опозицијата смета дека Владата од една страна се правда дека вложува во сите сегменти на општеството а од друга страна граѓаните живеат се полошо,  тешко ја обезбедуваат егзистенцијата, што било показател дека во изминатите 6 години се дејствувало само маркетиншки. И додека пратениците допрва ќе дебатираат на оваа тема, експертите алармираат дека состојбата со иселувањето од Македонија е алармантна и дека властите итно мора да преземат мерки. „Состојбата е загрижувачка а главна причина е економската состојба. Уште пострашно е што се иселуваат млади луѓе кои поминале низ процеси на образование, државата инвестирала во нив, тоа се загуби во човечки ресурси. Ако имате млади луѓе кои немаат животен стандард, добиваат сомнително образование преку диспензираните студии , а немаат реални  усллови за вработување, нормално ќе си бараат чаре во други држави. Што и да се преземе, ако не се подобри вработеноста и стандардот, се друго е периферно “, објаснува Драган Тевдовски, универзитетски професор. Според податоците на Светска банка, повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од Македонија во Европската Унија и во САД, што е повеќе од 10% од населението во државата.  Само во земјите од ЕУ во моментот живеат 180.000 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија-78.000, потоа во Германија-58.000, во Австрија16.000, Словенија -9.500. Со државјанство во САД се стекнале 6.378 Македонци,. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство, дури 11.444 трајно се иселиле во Германија, 6.070 во Австрија, 2727 во Белгија ...

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!