19 Април, 2024
0.0290

Македонците пазарат често и не читаат декларации

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Македонците и Србите пазарат повеќе пати во неделата, додека Словенците само еднаш, покажува истражувањето на потрошувачките навики во земјите од поранешна Југославија, спроведено од Институтот за истражување на пазарите и медиумите „Медијана Адрија“ во Македонија, Словенија, Србија и Хрватска. Според менаџерот на проектот „Медијана“ Борислав Радојковиќ, анализата на одговорите на испитаниците покажува голема разлика меѓу потрошувачите на релативно мал пазар. Истражувањето покажува дека најчесто пазарат Србите и Македонците, од кои три четвртини двапати неделно, а голем број и секојдневно. Најретко во продавница одат Словенците, од кои една четвртина пазаруваат еднаш во неделата. Додека Србите и Македноците купуваат намирници за пократок временски рок, Словенците и Хрватите пазаруваат за подолг период. Исто така, тие повеќе ги посетуваат големите пазарни објекти, додека во Србија популарни се локалните продавници. - На неделно ниво по потрошувачка за храна, Словенците се на прво место, по нив следат Хрватите, а значително помалку трошат Србите и Македонците, наведува Радојковиќ. Околу 30,7 проценти од српските потрошувачи имаат специјален ден за пазарување, додека 20-30 проценти од Словенците немаат посебен ден за пазарување. Карактеристично е тоа што просечната километража што Словенците ја минуваат за купување е шест километри, додека во Србија таа изнесува 1,97 километри. Согласно со тоа најголем процент од Словенците и Хрватите на пазарување одат со автомобил, додека 61,7 проценти од Македоницте и 52,3 отсто од Србите пеш. Интересно е тоа што дури 38 проценти од Словенците ги читаат декларациите на производите, додека таква навика имаат само 20 проценти од населението во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024