29 Март, 2024
0.0313

НАРОДНИ МАКИ: Веќе втор месец жителите на Стајковци чекаат на помош од државата

Ветија многу, направија малку- ваква е реакцијата на повеќето од жителите од селото Стајковци за помошта која државата ја најави за семејствата од поплавените подрачја.

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Дел од нив покрај уништените домови останале и без основниот извор на егзистенција-земјоделството. Нивните полни со род велат се стопроцентно уништени. На многумина им угинал и добитокот. А  надлежните велат креваат раменици, ги шетаат  од институција во институција за да ги пријават штетите.

“Имав кокошарник  со педесетина кокошки, останаа само пет. Ми велат пријави во ветеринарство. Штетите од нивата пријави ги во земјоделство. За куќата бев во општина, па на нотар. Незнам каде попрво да одам. А,  пари нема од никаде. Буквално немаме ништо. Сите си молчат.  Кога поминала Комисијата за проценка на штети јас бев на лекар, потоа отидов до месна заедница и до општина да им кажам ама сеуште нема никој” - вели Санда Николовска од Стајковци. 

Нејзиниот сосед Тане Стојановски полека се подготвува за зимата. Неговата куќа која се наоѓа во близина на центарот на селото била прва на удар на поплавата. Долниот спрат вели е стопроцентно уништен. Целата заштеда за стари години ја дал за реновирање. 

“Имавме некој денар и тој го дадовме. Парите од заштедата за црни денови ги потрошив  за да го средиме спратот. Поцрно од ова нема, ама тоа е. Со бабата сме пензионери па полека, полека ќе средуваме. Неможам ниту да се сетам колкав талог од земја, камења, сено имаше во дворот и куќата. Со денови војската и луѓе од повеќе градови работеа на расчистување. Многу сум им благодарен. Мислев дека никогаш нема да се средиме повторно. Почнавме буквално од нула, од голи ѕидови. И во проценката пишаа дека штетите се стопроцентни. Сега сами оценете каков почеток е ова. Немавме на што да спиеме. Очекуваме помошта да стигне брзо бидејќи тешко е да имаш се, а сега да закуќуваш  од нула”- раскажува Стојановски.

Најмногу како што вели жали за дворот кој бил уреден и стокмен како за своја душа. Но сега повеќе од петстотини квадрати дворно место зјаат празни, запуштени. Уништена е и бетонската ограда, малата бавча и фолиите со градинарски производи кои биле за да го прехрани семејството. 

“Нема ништо ниту од пипер ниту од патлиџан. Стајковци е познато по ран зеленчук, нема куќа што немаше фолии за себе и за продавање. Нема ништо сега. И земјата е уништена и  дел не е за обработување. Ги земавме парите од авансната помош но тие беа колку да се купи цемент. Слушнавме дека на сметка треба да ги има и парите од донации преку Црвениот крст. Еден комшија рече дека зел околу 13 000 денари. Секоја помош е добредојдена но навистина ни треба помош и од државата, не да се чека со години и да станеме заборавени”- потенцира Стојановски. 

Во страотната поплава вели настрадале и двата автомобили. Неговиот син потрошил стотици евра за поправка и чистење. Но една од колите сеуште стои пред влезот на куќата. Тешко дека повторно ќе проработи.

Неколку улици подолу неговата соседка Слободка Таневска ја раскажува својата мака. Вели дека се едни од ретките кои имале среќа и поплавата не стигнала до нивната куќа, но затоа нивите од кои живеат биле целосно уништени. Сега стравува како ќе ја поминат зимата. 

“Му благодарам на господ што не заштити и нашата куќа не беше поплавена. Но од нивите од кои вадиме леб нема ништо. Тоа се декари и декари. Ни синот ни снаата не работат. Живееме исклучиво од земјоделие. Родот е уништен, сега е доцна  да се сади нов расад. Земјиштето мора да се преработи. Навистина незнам како ќе се снаоѓаме. Нивите ни беа единствена егзистенција“- додава Слободка. 

Низ селото секој ја раскажува својата мака. Штетите се големи, а последиците велат жителите допрва ќе се чувствуваат бидејќи страотната поплава ги вратила назад за десетина години, во производство, квалитет, начин на живот, па наместо за развој и напредок сега ќе мораат да се мачат  во обид да го вратат животот во нормала, приближно на она што го живееле пред шести август. 

С.Б. 


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор