29 Март, 2024
0.0271

МАКПРОГРЕС ОД ВИНИЦА ЈА ПРЕВЗЕМА ДОНИА ОД ПРИЛЕП

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно превземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп.

Превземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи бомбони, бисквити и кекси со врвен квалитет, претставува зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот. 


Понатамошниот развој на компанијата и производите во асортиманот бараат значителни инвестиции и во тој поглед Макпрогрес е сериозен соговорник кој ја разбира природата на нивната работа, начинот на кој работат, вредноста на брендовите, но и потребата од континуирано вложување во нови и подобрени развојни линии. Макпрогрес како стратешки инвеститор совесно ќе управува со брендовите на Дониа, ќе работи на развивање на продуктното портфолио и ќе ги унапредува пазарните позиции“ - изјавија од Макпрогрес. 


Макпрогрес детерминирано ќе се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, чиј

асортиман е исклучително комплементарен со асортиманот на брендот Vincinni и со помош на својата дистрибутивна мрежа и бескомпромисна определба за врвен квалитет, ќе овозможи конкурентност на пазарниот натпревар во глобални рамки, што отвора огромен простор за значителни синергии и унапредување на позицијата на сите бреднови во продуктното портфолио.

“Производите на Дониа се вистинска скапоценост во кондиторското производство и амбасадор на квалитетот на автентичното домашно производство на светскиот пазар. Овој бренд има значителен развоен потенцијал и со тоа оваа интеграција ги опфаќа двете цели дефинирани во развојната стратегија на Макпрогрес - ширење на брендираното портфолио и интернационализација на бизнисот“ - додаваат од Макпрогрес.  

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија