28 Март, 2024
0.0251

Макро преглед Македонија: Слаб економски раст, независно кој бил на власт!

Објавено во: Анализа 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во овој текст проследен со доста табели ви подготвивме преглед околу економијата на нашата земја. Колку сме постигнале, до каде сме и веројатно како заклучок кој сами ќе го донесете уште колку треба да постигнеме за да дојдеме до некое пристојно ниво на економска развиеност. Податоците се превземени од Државниот завод за статистика. Да започнеме: 1. Бруто Домашен производ – номинално во евра Нашата економија тежи 7,5 милијарди евра. Како што гледате ни требало десет години да го дуплираме производството. Што би се рекло- растеме релативо споро! Ова посебно доаѓа до израз кога ќе ја видиме втората табела, за просечниот реален раст. 2.Реален Раст на БДП во проценти Како што гледате без разлика кој е на власт темпото е релативно недоволно. Без дилема ни требаат повеќе години како 2006 и 2007 година. Инаку доколку сакаме да го дуплираме БДП за 10 години, ни требаат стапки на раст од 7% 10 години по ред. Што би рекло и да растеме како во најдобрата година ќе ни требаат повеќе од 10 години за реално да пораснеме за 100% како економија. 3. Невработеност Табелата е дадена по квартали, па така сега имаме најмалку невработени со години. Сепак темпото на намалување на невработеноста е исклучително мало, што не е за чудење со оглед на спориот економски раст. Според статистиката, а  колку за илустрација,  имаме 652.000 вработени наспроти 290.000 невработени. Овој сооднос мора да се поправи! 4. Плати – Номинално порасна за 2011 и достигнаа  ниво од скоро 22 000 денари Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот