Макрон ќе го пречека Путин во Версајскиот дворец
Објавено во: Свет 26 Мај, 2017
Официјална Москва посочи дека се организира првата средба меѓу рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, која ќе се одржи наредната недела во Версај.
Средбата ќе биде шанса за двајцата лидери да разговараат отворено за сите прашања, особено за односите меѓу ЕУ и Русија и влијанието на НАТО. Постои и можност да се посвети и внимание на обидот за хакирање на кампањата на Макрон на два дена пред претседателските избори за што постојат сомнежи дека е руско сценарио.
Според Кремљ, најважно е тие да се запознаат, а во фокусот на средбата ќе бидат конфликтите во Сирија и Украина. Макрон и Путин во Версај ќе присуствуваат на изложбата во чест на посетата на царот Петар Први на Франција пред 300 години.