Макрон лут за коментарите за неговата постара сопруга
Објавено во: Свет 09 Мај, 2017
Новиот француски претседател, Емануел Макрон е бесен за коментарите за неговата сопруга која од него е постара 24 години.
„Ако јас бев постар од мојата сопруга 20 години, никој ниту за секунда немаше да помисли
дека не можам да бидам со неа. Токму поради тоа што таа е 20 години постара од мене, многу
луѓе велат дека нашата врска е невозможна“ - вели тој.
Макрон смета дека ваквите тврдења за неговата врска се должат на мизогонија ( омраза и
омаловажување на жените од страна на мажите врз основа на предрасуди).
Емануел Макрон ја запознал својата сопругата Брижит кога имал 15 години, а таа му
била професорка по драма. Подобро се запознале кога заедно работеле на претстава, а
стапиле во брак во 2007 година кога тој имал околу 30 години, а таа 54.
Во текот на предизборната кампања Брижит постојано беше покрај својот сопруг.