Максим Димитриевски ќе го менува Циц за градоначалник на Куманово
Објавено во: Македонија 12 Август, 2017
Екс советникот на општина Куманово, сегашен пратеник и функционер на СДСМ, Максим Димитриевски најверојатно е главен кандидат за замена на Зоран Дамјановски Циц во трката на локалните избори за Куманово.
Ова ќе биде една од можните рокади за внатрешен избор на кандидати во СДСМ, бидејќи најпрво ќе се оди со лични кандидатури преку партиските тела, а потоа ќе се донесе одлука на кого ќе му биде дадена поддршка во кампањата за локалните избори.
Можна е и смена на Андреј Жерновски како главен кандидат за општина Центар и во СДСМ веќе се разгледуваат можности за нови имиња кои би истрчале на 15 октомври.
СДСМ треба да размислува и за општина Струмица, дали ќе оди со позвучно име или ќе му даде шанса на некој од тим кој претходно беше воден од Зоран Заев кој се повлече поради премиерската функција.