18 Април, 2024
0.0259

Мал број на лица со посебни потреби завршуваат високо образование

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Според информациите со кои располага тимот на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, во 2015 година само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, 5 станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии.  И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од Буџетот на Република Македонија бројките на лица кои завршуваат соодветно образование е исклучително ниска.

“Законот за високо образовниот процес на студентите со посебни потреби им овозможува низа на поволности и олеснувања за студирање како што се бесплатна партиципација, право на редовно студирање, користење на сите услуги утврдени според студентскиот стандард и многу други но и покрај овие позитивни страни сепак бројот на лица кои се образуваат е доста низок. Знаејќи дека високото образование го трасира патот до побрзо вклучување на пазарот на трудот, очигледна е потребата од поголем интерес на надлежните за оваа состојба и превземање на конкретни мерки”, укажуваат одпроектниот тим.

Доказ дека можеме подобро се и позитивните практики кои ги следат земјите членки на ЕУ кои подразбираат: 100% генерална обврска од земјите членки на ЕУ за прилагодување на училиштата и образовните установи според потребите на лицата со посебни потреби. 94.7% од државите членки на Европска Унија имаат прилагодувања согласно со специфични барања кон лицата со посебни потреби.  Превземањето на оваа мерка подразбира и логистичко архитектонски промени на универзитетите, поголема достапност и прифаќање од професорите и образовните институции и намалување на психолошките бариери.

Повеќе информации за проектот и активностите во рамки на истиот може да се добијат со контакт на лицето Марија Димитровска,  marija.dimitrovska@predaplus.eu.

Можеби ќе ве интересира

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне