28 Март, 2024
0.0309

Манифест за продолжување на слободата

Објавено во: Македонија, Колумни 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Не направија попис кога имаа влада, ќе прават кога ја изгубија власта. Ќе пишуваат Манифести, а заборавија дека не се револуционери туку оптужени или заштитници на криминалците. Ќе ја обединуваат Македонија  откако ја разединија до крај. Бараат одговорно функционирање на институциите, а во највулгарна форма го разработија  системот на партизирање на институциите. Тоа се тие големи „патриоти“ кои кога правдата ќе ги стисне во ќоше, „квичат“ и во името на идеите на Гоце, Јане и Даме нудат решенија на кои  нормалните  не можат да им се изначудат.

Па кој чесен граѓанин овие понуди може да ги свати сериозно! Каков попис кога, државата не може да избере влада. Зошто Манифест  за обединување околу националниот интерес, кога е доволно само ДПМНЕ да престане да разгорува поделби на патриоти и предавници.. И од каде сторители и заштитници на криминал  наеднаш бараат владеење на правото и пазарната економија? Па, што правеа 10 година на власт?

Како да сме на почеток на формирање на државата. Ја разнебитија „правната стабилност“ за да можат да ловат во матно. Претприемачката култура ја доведоа до дното,  а тендер-бизнисите и нелојалната конкуренција стана дел од бизнис климата. Предлагачите на Манифестот го урнисаа стопанскиот систем, нееднаквоста ја диведоа до ниво како никогаш досега и сега барат подобар стандард за граѓаните. Деценија поминаа на власт и сега се прават на „тошо“. Како да не се најдиректно одговорни што со партизирањето на државата го супституираа пазарот, а социјалниот систем го вулгаризира во невиден популизам насочен кон корумпирање на ранливите слоеви од населението.

Сите овие предлози инкорпорирани во Манифестот се само дел од фолклорот, кој значи замајување на јавноста додека опозицијата не направи грешка.Потврда на оваа теза е и собранискиот циркус. ДПМНЕ до крајни граници ги заостри односите на силите кои се залагаат за владеење на правото и на оние на кои правото им е во нивната гола сила. Додека првите чекаат  заострените тензии да се надминат со доследна примена на Уставот и законите, вторите најдрско подбуцнуваат дел од народот со сила да го спречи формирањето на новата влада. Парадоксот е дотолку поголем што не се дозволува формирање на влада на парламентарно мнозинство обезбедено на признати парламентарни избори. А притоа, заробените државни институции не се ни обидуваат да стават до знаење дека ќе го бранат правото и ќе ги санкционираат сите кои, независно од кои причини, се закануваат дека со сила ќе ги оневозможат пратениците да изберат претседател на Собранието.

Свесни за сопствената силеџиска позиција во однос на правото, бранителите измислија дека е загрозена унитарноста на државата. Веројатно, и пред себе да не изгледаат глупави, бидејќи знаат оти учествуваат во „борба“ за одбрана на криминал во врвовите на власта и тие, како и неинформираните и заведените се „борат“ Македонија да остане унитарна. А нема отворено прашање на кое не се одговори, од тоа дека не постои никаква опасност  со оглед на односот на силите во Собранието, па до можноста за организирање на референдумско изјаснување на граѓаните за така важно прашање. Повеќе од јасно е дека и да ја нема оваа закачка, нивните инспиратори ќе измислат други прични за да се спречи формирањето на нова влада. Нема кому не му е јасно дека „борбата“ на бранителите е само параван на инспираторите да им се купи време колку што може да ги „зачистат“ или прикријат  нечистите сметки во насока на легализирање на извршената пљачка на народните пари.

Во овој контекст очигледно е дека инспираторите очекуваат онеправданите да направат грешка. Голема е веројатноста дека ако треба тие и самите ќе предизвикаат настани да ја оправдаат сопствената примена на сила. Тоа треба да се оневозможи. Со секој ден, интересентите од протестите заглибуваат се‘ подлабоко во живата песок. Времето веќе не работи за нив. Поточно, работи против нив. Се разбира, трпат државата и граѓаните. Меѓутоа, и нивното трпение има граници, особено што се темели врз правото и очекувањето тоа да победи. А ако правото се  оневозможи, приказната секако ќе биде поинаква. Најмалку, на  веќе осомничените и оптужените за силеџиство и незаконито однесување ќе им се придружат сите кои на таков начин  го спречуваат владеењето на правото. А такви, веројатно е дека нема многу. Но, се најгласни.

И не само што се најгласни, туку инспираторите на противуставното однесување стануваат се‘ понервозни и се‘ повеќе им се брза. Од една страна, тоа што го очекуваа не се случува, а од друга страна, работата на СЈО околу нивното досегашно криминално однесување станува се‘ поинтензивна. Вистината за нивното владеење излегува на виделина. Се зголемуваат оптужбите, и нема начин, дури и да не дојде до продолжување на рокот на СЈО, тие да не се процесуираат. А отворањето на секој нов предмет предизвикува се‘ поголеми незадоволства кај граѓанството од сознанијата што се правело во власта. За привилегиите на нејзините подржувачи, тендерџии  и  пропагатори. Од  густата прашина што ја креваа за успесите на власта не се гледаше дека тие се главните клиенти преку кои функционираше и се одржуваше коруптивниот систем. И не е случајно што се засили реториката против СЈО, а дојде и до прво бегство, само на најава за покревање на постапка. Со тоа отпочнува расплетот во „злосторничкото здружение“. Манифестот не може да помогне во запирањето на веќе започнатиот процес.

д-р Крсте Шајноски


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?