„Марија“ после „Ирма“-нова бура беснее на истата патека, ќе удри на Карибите и е опасна
Објавено во: Свет 18 Септември, 2017
Ураганот „Марија“ во наредните 48 часа ќе зајакне, веројатно до категорија четири, и се очекува да удри на Карибите, пред неколку дена погодени од бурата „Ирма“.
Американскиот центар за урагани издаде предупредување и објави дека „Марија“ е на околу 165 км оддалечена од Барбадос и дека во наредните денови, кога стигне до Заветрените острови, ќе стане се поопасна.
Како што се наведува, од трите големи бури кои моментално се над Атлантикот, „Марија“ има најголем потенцијал да ги загрози веќе голем дел уништените карипски острови.
Во близина на источниот брег на САД се наоѓа угаранот Хозе кој исто така е калсифициран како категорија еден, но чие дрсатично зајакнување на се очекува. Сепак, постои предупредување на создавање опасни струи во крајбрежјето.
Третата бура „Ли“ ослабнала во неделата и од неа веќе не се заканува голема опасност.