20 Април, 2024
0.0263

Марија Шарапова е најдобро платена спортистка

Објавено во: Стил 06 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Според „Форбс“ Марија Шарапова е најдобро платена спортистка во светот . Руската тенисерка во периодот од јуни 2012-та до  јуни 2013-та таа заработила 29 милиони долари. Износот вклучува пари од наградните фондови, реклами, приходите за учества на трунири и приходи од сопствен бизнис како бонбоните „Sugarpova“, од кои веќе се продадени речиси 1,5 милиони примероци. Во Топ 10 на најпознатите платени спортистки седум се тенисерки, а втората позиција ја зазема Серена Вилијамс со приходи од 20,5 милиони долари. Од нив 8,5 се од наградни фондови и уште 12 од спонзорските договори со компании како „Nike“, „Wilson“, „Gatorade“ и „OPI“.   Меѓу платените спортистки трета на листата е Кинескињата, На Ли со 18,2 милиони евра, од кои само 3,2 се од наградни фондови, а останатите 15 од рекламни договори.   Топ 10 на најплатените спортистки за последната година:   1. Марија Шарапова,тенис – 29 милиони долари   2. Серена Вилијамс, тенис – 20,5 милиони   3. На Ли, тенис – 18,2 милиони   4. Викторија Азаренка тенис – 15,7 милиони   5. Даница Патрик автомобилизам – 15 милиони   6. Ким Ју На уметничко лизгање – 14 милиони   7. Каролин Вознијачки тенис – 13,6 милиони   8. Агнешка Радванска тенис– 7,4 милиони   9. Ана Ивановиќ тенис – 7 милиони   10. Пола Кримајер голф – 5,5 милиони

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган