Марин Ле Пен ќе се трка на уште едни избори
Објавено во: Свет 19 Мај, 2017
Лидерката на крајнодесничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен, која е поразена од Емануел Макрон на претседателските избори синоќа ја објави нејзината кандидатура за парламентарните избори во јуни.
„Не можам да поднесам да не бидам на чело на моите војници во една битка, што ја сметам за главна“ - вели Ле Пен.
Таа додава дека ќе биде кандидат за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-Бомон во северна Франција, каде управува нејзината партија.
Марин Ле Пен нагласи дека планира преку парламентарните избори во Франција да ја направи Национален фронт главна политичка опозициска сила во државата.
Таа има радикални ставови во однос на имиграцијата со која се соочува Франција и ветуваше дека ќе ги затвори сите радикални џамии, а мигрантите кои се поврзани со џихадистите ќе ги враќа од каде што дошле. Ле Пен за себе вели дека е патриот.