Марин Ле Пен одби да се покрие за средба со муфтија
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2017
Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен одби да се покрие за да се сретне со големиот муфтија на Бејрут во либанската престолнина, пренесоа агенциите.
При пристигнувањето на лидерката на Националниот фронт за средба со Абделлатиф Дериан во канцелариите утринава и е принесен исламски превез.
„Највисоката сунитска власт во светот немаше таков услов, па немам причина да го правам. Нема ништо страшно, пренесета му ја почитта на големиот муфтија, но нема да се покријам"- изјавила Ле Пен и си тргнала.
Таа ја имала в предвид посетата на Египет во мај 2015 година, каде што се состана во Каиро со големиот имам на џамијата „Ал Асхар" , Ахмед ал Тајеб.
Марин Ле Пен е во посета на Либан од неделата до денеска попладне. Таа ќе се сретне со патријархот Бешар Раи и со лидерот на партијата на Либанските сили, Самир Жажа.