25 Април, 2024
0.0447

Марк Џејкобс: Социјалните мрежи станаа место каде луѓето го сеат својот отров

Објавено во: Стил 25 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите американски дизајнери Марк Џејкобс познат е по своето бурно минато, а денес е во самиот врв на бизнис и модерниот свет. Тој во неодамнешно интервју раскажува за неговите правила за успех, социјални мрежи и нови колекции.

Роден е во еврејско семејство, а поголем дел од младоста ја поминал со баба си бидејќи татко му починал кога имал само седум години, а мајка му била ментално пореметена. Во текот на животот неколку пати е означуван како зависник од наркотици и алкохол поради кои неколку пати бил на лекување.

Најмногу време поминувал во ноќен клуб, понекогаш носејќи книги како наутро рано би можел да оди право во школо. Денес наведува дека околностите не се пресудни и дека никој човек не може да го затвори во мрачна кутија на дно на морето бидејќи секогаш најде начин да исплива на површината.

Тој во интервју за Стандард истакнал дека секоја личност, каков и да бил нејзиниот живот, може да пронајде начин да се изрази. Според неговите зборови што сте „помали“ на почетокот, поголеми амбиции може да создавате и повеќе да постигнете бидејќи од вас не се очекува многу.

Тој дури 16 години бил креативен директор на модна компанија Луј Литон (Луис Витон) и со задоволство истакнува дека на таа работа никогаш не му било досадно. Неговото основно правило за успех е никогаш да не се обидувате да направите нешто за да би задоволиле други. Тој рекол дека не знае до кога ќе трае тоа но дека не може да биде поинаков одтколку што е, бидејќи секој пат кога се обидел тоа му предизвикало многу болка.

Кога покренал колекција со своето име и ’Marc by Marc Jacobs’ таа е дочекана со овации, а како што рекол тогаш се обидувал да направи нешто што девојките навистина ќе го сакаат и носат. Како што растела славата многу продавачи му говореле што им треба на пазарот но тој успеал да остане свој. Објаснил дека не дозволил продајните линии да влијаат на неговата дизајнерска креативност на големите модни настани. Како истакнува целта на неговиот тим не е да се натпреварува со другите туку со самиот себе и да ги поместува сите граници на претходните сезони.

Иако неговите креации ги преплавуваат социјалните мрежи Марк нагласува дека тој и електронските уреди не се согласуваат баш најдобро.

„Јас не знам сам ни ТВ да приклучам“ , рекол тој. Објаснил дека му е одбивен фактот дека она што треба да го изнесете на улица го купувате и облекувате само за да се сликате селфи. Како што истакнал луѓето излегуваат за да се вратат и да пишуваат за тоа на мрежите.

Според Мајк Џејкобс на мрежите има премногу омраза, тие се многу тажни и делуваат многу гадно бидејќи како луѓето да пронашле едно место каде може да го истресат својот отров. Сепак, како не би звучело премногу негативно вели дека гледа фотографии и дознава нови работи.

За крај на интервјуто рекол дека секогаш има идеи да напредува и понатаму да создава. Рекол дека е во состојба со месеци да чека како би нашол нешто што го инспирира, и радосен го чека. Токму за него тоа претставува мода.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган