29 Март, 2024
0.0357

Маркетинг кампања: Македонија земја на виното!

Објавено во: Агробизнис 21 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија ќе финансира  учество на 6 саемски манифестации за извозниците на вино од Македонија, а финансиски ќе подржи и промоција на македонското вино на таргетирани пазари во ЕУ - Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија, како избрани дестинации на европскиот пазар кои имаат голема апсорбциона моќ, а на кои македонското вино не е доволно застапено или има зголемена конкуренција поради што е потребно задржување на веќе постигнатото ниво. Активностите се планирани да се реализираат во соработка со националното здружение Вина од Македонија во периодот јануари-декември 2013. Владата, како што соопштува,  ќе финансира и изработка на маркетинг платформа за препознатливост на Република Македонија како винска земја, и за квалитетот на градинарските производи и овошјето на светските пазари. Ќе бидат финансирани изработка на визуелни симболи, видео клип и маркетинг концепт на кој ќе се базира настапот на странските пазари, со тоа што истиот ќе треба да се разликува по извозни дестинации и за различните земјоделски производи. Пред одржувањето на промотивните настани ќе се обезбеди емитување на видео спотот за рекламирање на македонските производи и најава на македонското учеството преку влијателен медиум во земјите каде што се одржува настанот.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи