19 Април, 2024
0.0258

МАРКО СЛАТКАРИСТИКА: „Да полетам“ ја пеам за мојот покоен татко

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Тој е феномен откако се појави на македонската музичка сцена. Рапува од срце, раскажува без цензура, пцуе гласно и критикува без страв. Околу Марко Маринковиќ – Слаткар за брзо време се создаде еуфорија. Го обожаваат тинејџерите, а сега веќе им стана симпатија и на нивните родители. Од пред три ипол години, Слаткаристика е среќно женет човек, со неговата менаџерка и соработничка, поранешна Мис на Македонија Сања Николиќ. На неговата Сања, тој и ја посвети песната „Кажи да“. Со неа ја побара за жена, а го изиграа и првиот танц на свадбата. Покрај сите вистините приказни во неговите текстови, како најемотивен остана да се помни оној од баладата „Да полетам“. „Горд сум на успехот, чале ми е домец. Немал ни мајка ни татко, рамо за плачење, совет. Понекогаш сум среќен за мојот топол дом, со Че го имаме она што никогаш го немал он“, се дел од стиховите во оваа песна. Слаткар за „Женски магазин“ зборува за неодамнешната успешна македонско-бугарска турнеа One love, новите песни, за Сања, но и за тоа дека песната „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна за татко му, кој неодамна починал.

Женски Магазин  Како е твоето семејство, мајка ти, татко ти, брат ти? Дали сега откако сте успешни и ти брат ти, приказната од песната „Да полетам“ која зборува за едно семејство кое едвај врзува крај со крај, не е приказна за твоето семејство?

Слаткар „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее. За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот штотуку покоен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре