Марковиќ: Живееме едни до други, а не можеме да дојдеме
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2017
Црногорскиот премиер Марковиќ на 6-от Самит 100 кој се одржува во Скопје говореше како за регионалната поврзаност така и за европските перспективи на Црна Гора.
„Живееме едни до други, а не можеме да дојдеме едни до други“, рече Марковиќ посочувајќи дека е многу важно да се вложат дополнителни напори за подобро поврзување на Балканските земји.
Тој посочи дека оваа најмлада балканска држава сака сама да одлучува за својата иднина и дека европската перспектива и е многу важна.
*Фактор - медиумски партнер на регионалниот Самит 100