МАСАКР ВО ЛОНДОН: Малолетник го искасапила банда со мачети
Објавено во: Свет 24 Април, 2017
Банда со вооружени членови со мачети денеска уби 17 годишно момче во Лондон.
Него бандата го бркала по неколку улици и во крв го оставила на еден автомобил.
Жителите се вознемириле кога момчето почнало да вика „Помогнете ми, јас умирам“.
Брзата помош го однела во болница, но за 90 минути тој починал.
Граѓаните на Лондон велат дека истата банда ден претходно ги малтретирала луѓето.
Според очевидци, момчето го нападнале 6 лица, а кога некој викнал дека доаѓа полиција, тие избегале.