29 Март, 2024
0.0252

Маскара која ги менува правилата на игра

Објавено во: Стил 06 Август, 2013

Добивај вести на Viber

“AVON” ја менува историјата на маскарите и воведува нова иновативна технологија за вистински долготрајни интензивни бои.

Козметичката компанија “AVON” отвора нова страница во историјата на маскарите, претставувајќи нова, револуционерна форма на четката. Иновативниот производ маскарата за мега ефект (mega effects) е плод на 6-годишно проучување, 5.000 часа научна разработка и консултации до 2.000 жени.

Мега ефект е суштинска еволуција бидејќи уште од 50-тите години на 19-тиот век па сé до денес, маскарите го немаат променето обликот.

„Ние го согледавме фактот дека постои потреба да се подобри начинот на нанесување на маскара и со оваа нова иновација ‘AVON’ засекогаш го менува начинот на употреба“, вели Лиса Ламберти, извршен директор на секторот за истражување и развој на боја.

Новата маскара за мега ефект од ‘AVON’ има значително покомпактна форма на пакувањето, но се одликува и со револуционерна супер-четка која е прва од ваков вид. Таа совршено го следи обликот на окото и може да се употребува од 12 различни агли за трансформација на трепките од крај до крај, од коренот до врвовите.

„Супер-четката лесно се превиткува и ви овозможува да нанесете на самата основа на трепките од многу различни агли, и тоа на сосема едноставен начин“, објаснува Лорен Андерсен, шминкерка на познатите ѕвезди и нов експерт за шминка на “AVON”.

Благодарение на оваа иновација, се постигнува извонреден панорамски волумен на трепките кој е за 40% поголем во споредба со традиционалните четки, очите изгледаат поголеми, а трепките потемни и погусти. Исто така, маскарата е направена со водоотпорна формула која спречува заплеткување, размачкување, или пак згрутчување и водено ее тестирана од офтамолог.