Масовен хакерски напад во Украина - Владата, аеродромот и банки се блокирани
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2017
Павел Розенко, вицепремиерот на Украина објави дека земјата е под силен хакерски напад со загрозување на сајбер безбедноста на самата Влада каде компјутерите се офлајн, не може да се комуницира и системот е целосно блокиран.
Хакерите исто така нападнале системи на повеќе украински комерцијални банки, а дојде до блокирање и на системите на аеродромот во Киев.
Засега е рано да се утврдат конкретни штети во информатичките системи на Украина и кој точно стои зад нападот, но веднаш е поведена голема истрага.