Масовниот хакерски напад е одмазда на Викиликс
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2016
Хакерските следбеници на Викиликс најверојатно се одговорни за масовниот DDoS напад врз серверската фирма Dyn од САД со што се загрози или блокираше пристапот до голем број на интернет страни, меѓу кои и на гигантит како Twitter, Amazon, Spotify и Netflix.
Целта на нападите била одмазда за блокирањето на интернет конекцијата на Џулијан Асанж кој е основач на платформата за објава на протечени доверливи документи.
Од организацијата на Викиликс соопштија дека „Асанж е се уште жив, а платформата ќе продолжи да објавува содржини“, па затоа хакерите ја докажале својата поента и сега време е да ги сопрат нападите врз интернет инфраструктурата во САД.