26 Април, 2024
0.0305

Мастер блендер – најретката професија во светот

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Кога на некого во Шкот­ска, или во другa земјa каде постои тра­ди­ција на ужи­вање во вискито, му кажете дека сте мастер блен­дер, сигурно ќе дожи­ве­ете излив на дла­боко почи­ту­вање и воо­ду­ше­ву­вање. Но, веро­јат­но­ста да ста­нете мастер блен­дер или да срет­нете таков е неве­ро­јатно малa. Имено, само три лица, во текот на 90-тите години ја добиле честа да рабо­тат како мастер блен­дери за Балан­тајн. Овие про­фе­си­о­на­лци се вклу­чени во сите 4 фази на про­и­звод­ство на вискито, од избо­рот на јач­мен, про­верка на ква­ли­те­тот на вода, преку дести­ли­рање во котели, па сѐ до про­це­сот на зре­ење, кога ја имаат и најва­жната улога. Прет­по­ста­ву­вате дека сети­лото за мирис е најва­жната алатка за работа кај овие луѓе. Затоа, тие го шти­тат сво­јот нос од зага­ду­вања. Цига­рите се строго забра­нети, како и лоси­о­ните за после бри­чење, пар­фи­ми­рани сапуни, кари и лук. Тоа е поради фак­тот што нај­о­се­тли­виот дел од рабо­тата се завр­шува после ручекот. Една од нај­ин­те­ре­сните работи при про­це­сот на про­и­звод­ство, е кога мастер блен­де­рот ги тестира бури­њата. Со помо­шник кој не се двои од него, се шета низ про­сто­ри­ите и заста­нува само кога треба да ја поми­риса теч­но­ста, секако пра­ве­јќи го тоа со голема теа­тра­лност. Еден од „избра­ните“ е Сенди Хислоп. Токму тој ја имал зада­чата да создаде нов вкус на виски за прет­стој­ните божи­ќни и ново­го­ди­шни пра­зници. На тој начин, настана Ballantine’s Christmas Reserve. Има тем­но­црвена боја и е совр­шен спој на вку­сови. Токму како што треба за најве­се­лите пра­зници во годи­ната. Еден од најпознатите мастер блендери на светот е Ричард Патерсон

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти