19 Април, 2024
0.0250

Матјаж Раковец, Триглав осигурување: Македонија е земја со голем потенцијал во осигурителниот бизнис!

Објавено во: Финансии 18 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Матјаж Раковец, Претседател на Управниот Одбор на „Заваровалница Триглав“ од Словенија во интервју за Фактор вели дека очекува условите за работење на осигурителните друштва годинава уште повеќе да се заоструваат. Опаѓањето на стопанската дејност непосредно го намалува осигурувањето – дали поради стечаите на претпријатијата, намалениот увоз и извоз, помалиот опфат на банкарски заеми или слабеењето на другите зделки. Опаѓањето на куповната моќ на жителите и повисоката невработеност понатаму се одразуваат на склучувањето на осигурувања. Како водечка осигурителна група на пазарите на ЈИ Европа, проценуваме дека животните, здравствените и пензиските осигурувања имаат голем потенциал и веројатно порастот на групата односно премиите ќе биде најинтензивен токму кај овие видови осигурувања. Сепак, за Македонија Раковец посочува дека компанијата размислува за воведување на здравствените осигурувања,  при што не се исклучува можноста да се формира и  осигурително друштво за животно осигурување. Фактор: Каква е стратегијата на Триглав, односно кои се плановите за развивање на бизнисот во регионот? Раковец: Во Групата Триглав се фокусираме на остварувањето на поставената стратегија. Се трудиме да ја закрепнеме нашата присутност на пазарите на Адриа регионот и да се развиваме како центар на осигурувањето во овој дел на Европа. На среден рок сакаме да го зголемиме нашиот пазарен удел во сите држави на регионот. Постигнатите резултати (нето деловниот резултат на Групата Триглав беше 73,2 милона евра, што за 54 насто е повеќе отколку во 2011 година) ја потврдуваат адекватноста на стратегијата и исто така успешноста на друштвото кај остварувањето на истата, што е наш главен интерес. Согласно со стратегијата не нè интересира само трката за пазарниот удел, туку и добивката. Фактор: Неодамна имаше најави за аквизиција на Кроација и српскиот ДДОР. Дали има нови информации околу ова? Раковец: Групацијата Триглав има стратегија за понатамошно проширување на некои нови пазари, а пред сè за зајакнување на некои најперспективни постоечки пазари. Како најинтересни пазари на кои работи Групата Триглав - Хрватска и Србија, со оглед на бројот на жителите, осигурателната густина и пенетрацијата, претставуваат најголем потенцијал. Таму имаме пазарен удел под пет насто. За постигнување на саканото ниво на добивка е потребен и адекватен опфат на собрана премија. Не ја исклучуваме можноста, закрепнувањето да го изведеме и со преземање на некои од конкурентите. Фактор: Сепак, во исто време Кроација успеала да откупи 3% капитал од Триглав, што се коментирало како обид да се заштити компанијата од превеземањето од страна на Тргилав. Кој е вашиот став околу оваа трансакција? Раковец: Било какви одлуки за управување со сопственичките удели во „Заваровалница Триглав“ и чекорите поврзани со тоа, се во домен на сопствениците. Инаку, во „Заваровалница Триглав“ сметаме дека самиот тип на сопственост не е клучната димензија. Позначајно е дека на Триглав ќе му овозможува растење и развивање. Во секој случај, веруваме дека нашата осигурителна компанија за инвеститорите може да биде интересна инвестиција, пред се поради нашата развојна и регионална насоченост, друштвото ИНТ и добриот модел на корпоративно управување. Во најголемата осигурувачка куќа во Адриа регионот имено постојано се трудиме да ја закрепнеме нашата присутност на пазарите и да се развиваме како центар на осигурувањето во овој дел на Европа. Тоа се нашите планови и се радуваме дека имаме подршка и кај сопствениците. Фактор:  Дали оваа трансакција ќе влијае врз вашите планови за ширење на бизнисот? Раковец: Групата Триглав има јасно поставена стратегија, која успешно и ја остварува, па затоа веруваме дека споменатата трансакција нема да влијае врз нашите планови за ширењето на пазарите каде што дејствуваме. Бидејќи во стратегијата е вклучено закрепнувањето на присутноста на постоечките и новите пазари, веќе во декември 2010 година почна со работа друштвото Триглав ИНТ, кое е во 100 насто во сопственост на „Заваровалница Триглав“. Во Групата Триглав сме насочени кон обезбедување на најдобро работење, а меѓу нашите цели го вбројуваме и приносот на капиталот од 12 насто. Во 2012 година целта на групата дури и ја надминавме, бидејќи приносот на капиталот изнесуваше 13,8 насто. Во основното друштво приносот на капиталот достигна 10,7 насто, со што уште повеќе се приближи кон целниот очекуван принос отколку во минатата година. Во оваа насока сакаме да продолжиме и понатаму. Веруваме дека нашата стручност, која истовремено е и една од нашите три темелни вредности битно ќе придонесе кон остварувањето на стратегијата. Инаку, во „Заваровалница Триглав“ сме на мнение дека самиот вид на сопственоста не е клучна димензија. Битно е на Триглав да му обезбедува развој и пораст. . Во секој случај, веруваме дека нашата осигурителна компанија за инвеститорите може да биде интересна инвестиција, пред се поради нашата развојна и регионална насоченост, друштвото ИНТ и добриот модел на корпоративно управување. Како ја оценувате 2012 година од аспект на дејствувањето на вашата компанија, но и генерално од аспект на пазарите на кои сте присутни? Фактор: Како ја оценувате 2012 година од аспект на дејствувањето на вашата компанија, но и генерално од аспект на пазарите на кои сте присутни? Раковец: И покрај тешките економски и финансиски услови, должничката криза во државите членки на Европската унија и намалувањето на бонитетната оцена на бројни држави, меѓу кои и на  Словенија, Групата Триглав ја заврши деловната 2012 година со рекордна добивка пред оданочување во висина од скоро 90 милиони евра. Нето деловниот резултат на Групата Триглав беше 73,2 милиона евра, што е за 54 % повеќе отколку во 2011 година. Групата Триглав лани оствари 936,3 милиони евра бруто осигурувачка и соосигурувачка премија, а од тоа „Заваровалница Триглав“ фактурираше 647,6 милиона евра премија. На порастот на добивката во 2012 година влијаеше пред сè доброто работење на основната осигурителна дејност, што е евидентно во подобрувањето на комбинираниот количник кој ја мери успешноста на осигурителното друштво во основната осигурителна дејност. Во споредба со 2011 година, комбинираниот количник се има подобрено на нивото на Групата Триглав и изнесува 89,6 % (90,1 % во 2011 година), а на нивото на „Заваровалница Триглав“ пак, 81,4 % (во 2011 година - 83,0 %). Сето тоа го постигнавме со доследно спроведување на стратешките цели, се фокусиравме на основната осигурителна дејност и на профитабилноста на работењето. Групата Триглав и на овој начин  и со овие резултати докажува дека ја има зацврстено својата положба на водечка финансиско – осигурителна установа во регионот. Фактор: Какви се вашите очекувања за 2013 година од аспект на развивањето на вашата индустрија и економијата воопшто? Раковец: Очекуваме дека условите за работење на осигурителните друштва уште повеќе ќе се заоструваат. Опаѓањето на стопанската дејност непосредно го намалува осигурувањето – дали поради стечаите на претпријатијата, намалениот увоз и извоз, помалиот опфат на банкарски заеми или слабеењето на другите зделки. Опаѓањето на куповната моќ на жителите и повисоката невработеност понатаму се одразуваат на склучувањето на осигурувања. Како водечка осигурителна група на пазарите на ЈИ Европа, проценуваме дека животните, здравствените и пензиските осигурувања имаат голем потенциал и веројатно порастот на групата односно премиите ќе биде најинтензивен токму кај овие видови осигурувања. Во државите од поранешна Југославија секако ќе се подигне нивото на свеста на луѓето кои нема да сакаат да ја загрозат својата поволна економска положба. Токму тоа е можноста за осигурителните друштва. Нашата предност се квалитетните производи и услуги, познавањето на правилата на работењето на овие пазари и силниот бренд кој претставува квалитет и одличност во работењето. Фактор: Какви се резултатите на Триглав Осигурување по стапувањето во Македонија? Раковец: Нашето македонско друштво Триглав Осигурување со седиште во Скопје, на Групата Триглав ѝ се придружи во 2007 година. Триглав Осигурување е водечко осигурително друштво на македонскиот осигурителен пазар со пазарен удел од 17,6 насто. Со своето работење позитивно влијае врз деловниот резултат на Групата Триглав. Предноста на Македонија е тоа што во иднина има добри можности за стопански раст и развој, што овозможува развивање на различни стопански гранки, меѓу кои и осигурителната. Нашето работење се фокусира кон квалитетни продукти, прифатливи цени, задоволството на странките и обликување на сигурноста за нашите странки. Фактор: Какви се плановите на Триглав во  Македонија? Раковец: Во Македонија сакаме да задржиме една од водечките позиции на пазарот. Со таа цел ќе обновиме ред осигурителни продукти, ќе воведеме пакетни осигурувања, поголем предизвик ќе биде развивањето на сопствена продажна мрежа, едукација на вработените и понатамошен развој. Долгорочната цел секако е здружување на понудата на осигурувања, но тука треба да се земат предвид сите карактеристики на целниот пазар - законодавството, пазарниот удел, начинот на продажба, потребите на локалната околина, па дури и работата на конкуренцијата. Како и на другите пазари каде што е прусутна Групата Триглав, и во Македонија не сакаме да се натпреваруваме со конкуренцијата со цените, туку сакаме да работиме повеќе на добрите и иновативните продукти, брзото решавање на штетите и останатото што долгорочно може да ја направи разликата помеѓу нас и нашата конкуренција. Фактор:Дали планирате ширење на вашето дејствување и во други сегменти на финансискиот пазар, како на пример животно осигурување и инвестицијски фондови? Раковец: Активно размислуваме за сегментот на здравствените осигурувања во врска со здравствената реформа, при што не ја исклучуваме можноста да формираме осигурително друштво за животно осигурување. Времињата, со оглед на финансиската и стопанска криза, заедно со ниската свест за потребата да се осигура сопствениот живот не се најдобри за тоа, но од друга страна токму во сегментот на животните осигурувања може да се направат најголемите поместувања на пазарот во развој, каков што е и македонскиот. Фактор: Како го оценувате потенцијалот на македонскиот пазар во споредба со словенечкиот, но и со останатите пазари на кои имате свои операции? Раковец: Македонскиот пазар се развива и како таков во иднина има добри можности за стопански пораст и развој на осигурителниот пазар, а исто така и останатите пазари на кои сме присутни. Добар показател на потенцијалот на пазарот е густината на премиите на жител. Просечната премија во Словенија е околу илјада евра, во Европа две илјади, во Чешка 598 евра, во Хрватска 279 евра, Во Црна Гора 104 евра, во Србија 77 евра, БиХ 68 евра, а во Македонија пак 53 евра. Македонскиот пазар е перспективен, но проблемот е во финансиската и економската криза. Истото важи и за Хрватска, Србија, Бања Лука, Црна Гора и БиХ. На наведените пазари во прв ред се склучуваат имотни осигурувања, додека животните осигурувања остануваат голем предизвик. Секако здравствената и пензиската реформа за државите во регионот се нужни и всушност ќе биде тешко да се избегнат. И поради тоа, како водечка осигурителна група на пазарите на југоситочна Европа, проценуваме дека животните, здравствените и пензиските осигурувања имаат голем потенцијал и веројатно порастот на групата, односно премиите ќе биде најинтензивен токму кај овие видови осигурувања. Во Македонија водиме на пазарот и затоа очекуваме дека во иднина ќе можеме уште поуспешно да ги развиваме услугите и продуктите за нашите осигуреници. Фактор: Како ја оценувате бизнис климата во Македонија и какви се проблемите со кои се соочувате? Раковец: Досегашните мерки на макроекономското подрачје сè уште не ги имаат дадено саканите резултати, а оттука понатаму произлегуваат уште слабиот реален сектор, високиот степен на невработеност и нискиот стандард на жителите. За остварување на долгорочните стратешки цели имено, покрај стопанското преструктуирање, потребно е подлабоко преобликување на институциите. Релативно малата впрегнатост на македонскиот финансиски систем во глобалниот финансиски систем намалува некои ризици поврзани со финансиската криза. Македонија така го сочува стабилниот курс на денарот и нискиот степен на инфлација. На некои осигурителни пазари во регионот, меѓу кои е и Македонија, современата регулатива и ролјата на регулаторите е сè уште во фаза на развивање. Локалните инспектори поради тоа не се толку ефективни, економијата на опфатот е ниска, правната држава сè уште не дејствува на саканото ниво. Карактеристично е и непочитувањето на правилата на осигурителната струка од страна на повеќето од конкурентите, што е повторно последица на помалку развиените осигурителните пазари. И во Македонија повеќето од осигурителните друштва се во сопственост на странци, а петте најголеми осигурителни друштва на мошне концентрираниот пазар во минатата година пресметаа добри 58 % осигурителни премии. Концентрацијата е посебно висока кај животните осигурувања и реосигурувања. Секако, овој пазар долгорочно има голем потенцијал за пораст. Но, тоа е во зависност и од стопанскиот развој на државата и од порастот на БДП-то на жител.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете